1 Агеј 1,1; Неем 12,16 На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи:
2„Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев;
3Јоил 2,13; Мал 3,7затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – Вратете се кон Мене, – вели Господ Саваот – И Јас ќе се вратам кон вас.
4Ис 55,7; Ер 25,5; Лк 15,20Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им: ‚Вака вели Господ Саваот – одвратете се од своите лоши патишта и лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ.
5Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат?
67,7-14; Неем 9,34Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според патиштата наши, и според делата наши, така и постапи.‘“
Прво видение: коњи и коњаници7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец – а тоа е месецот шеват – во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо.
86,2-3; Откр 6,1-8Во текот на ноќта видов – ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи,
9Дан 7,16па му реков – „Кои се овие, господине мој?“ А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се тие.“
106,7; Откр 5,6И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече – „Тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.“
11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господов, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа – „Ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.“
12Ер 12,4; Дан 8,13; Откр 6,10Им одговори ангелот Господов и им рече: „Господи Седржителе, до кога нема да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?“
13Тогаш во одговор на ангелот Господов, изрече Господ слова добри, слова утешни.
148,2; Јоил 2,18И ми рече ангелот, кој зборуваше со мене: „Извести и кажи – вака вели Господ Саваот – ‚Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу;
15Ис 47,6; Амос 6,1; Пс 78,6и горам со голем гнев против народите што живеат во спокој, зашто кога Јас малку се разгневив, тие станаа уште полоши!‘
162,5-9; Ис 54,6-10; Ез 40,3Затоа вака вели Господ: ‚Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.‘
172,11; 13,9; Агеј 2,23Порачај уште и ова, и кажи им – вака вели Господ Саваот: ‚Моите градови одново ќе се исполнат со богатства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.‘“
Второ видение: животински рогови18Ги подигнав очите, а тоа, ете, четири рога.
195 Мојс 33,17; Дан 7,8И му реков на ангелот, кој зборуваше со мене: „Што е ова?“ А тој ми одговори: „Тоа се роговите што ги распрснаа Јуда, Израил и Ерусалим.“
20Потоа Господ ми покажа четири ковачи.
21Ер 48,25Пак реков: „Што ќе прават овие?“ А тој ми рече: „Оние рогови се што го распрснаа Јуда (и го скршија Израил), така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.