Езекил 32 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Египетскиот цар спореден со крокодил

1Во дванаесеттата година, два­наесеттиот месец, во првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, извикај и заплачи за фараонот, царот египетски, и кажи му: ти си како млад лав меѓу народите и ка­ко крокодил во реката, се фрлаш во ре­ките свои и ги матиш водите со нозете свои и ги газиш потоците нивни.

317,20; Ис 27,1Така вели Господ Бог: Јас ќе ја фр­лам врз тебе Мојата мрежа во собранието на многу народи, и тие ќе те из­вле­чат со Мојата мрежа.

431,13И ќе те исфрлам на земја, на от­кри­ено место ќе те фрлам, и ќе слетуваат на тебе секакви небески птици, и ќе се наситуваат од тебе ѕверовите на целата земја.

5И ќе ги расфрлам месата твои по планините и долините ќе ги наполнам со твоите трупови.

6И земјата, по која одиш, ќе ја напојам со твојата крв дури до планините; и потоците ќе бидат исполнети со тебе.

7Ис 13,10; Мт 24,29; Откр 6,12; 8,12А кога ќе угаснеш, ќе го покријам небото и ѕвездите на него ќе ги потемнам, сонцето со облак ќе го покријам и месечината нема да свети со светлината своја.

8Сите светила што светат на небото ќе ги затемнам над тебе и врз твојата земја ќе пратам мрак, вели Господ Бог.

9Ќе го доведам во смут срцето на многу народи, кога ќе разгласам за тв­о­ето паѓање меѓу народите по земјите, кои ти не ги познаваше.

10И преку тебе ќе ги доведам во ужас многуте народи и царевите нивни ќе се згрозуваат од страв за тебе, кога ќе го размавтам мечот свој пред лицето нив­но и секој миг ќе трепери секој за душа­та своја во денот на твоето паѓање.

11Зашто, така вели Господ Бог: мечот на вавилонскиот цар ќе падне врз тебе.

12Од мечот на силните ќе падне твојот народ; сите тие се најлути меѓу народите; ќе ја уништат гордоста на Еги­пет – и сиот негов народ ќе загине.

13И ќе го истребам сиот негов до­би­ток кај големите води и во иднина нема да ги мати човечка нога, ниту, пак, ќе ги разматува копитото од добиток.

14Тогаш ќе ги смирам водите нивни и реките нивни ќе ги направам да течат како масло, вели Господ Бог.

15Кога ќе ја направам египетската земја пустина, кога земјата ќе се лиши од сѐ, што ја исполнува, кога ќе ги уд­рам сите што живеат на неа, тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ.

16Еве ја тажната песна што ќе ја пе­ат; ќерките на народите ќе ја пеат; за Египет и за сиот негов многуброен на­род ќе ја пеат,“ вели Господ Бог.

Светот на мртвите

17Во дванаесеттата година на петнаесеттиот ден од истиот месец дојде слово Господово до мене:

18Ис 14,9-11„Сине човечки: тажи за египетски­от народ и турни го него и ќерките на познатите народи во бездната, заедно со оние што слегуваат во гроб.

19Кажи им: ‚Зарем вие заслужувате поголема милост? Слезете и лежете со необрезаните.‘

20Тие ќе паднат меѓу убиените со меч, и тој е предаден на меч; влечете го него и сето негово множество.

21Во бездната ќе зборуваат за него и за сојузниците негови, најдобрите јуна­ци; тие паднаа и лежат веќе така меѓу необрезаните, убиени со меч.

22Таму е Ашур и сиот негов народ, околу него се гробовите нивни; сите тие се поразени, паднати од меч.

23Неговата гробница ја поставија во длабочината на бездната и народот не­гов е околу гробницата; сите се по­ра­зе­ни, паднати од меч, сите што задаваа страв во земјата на живите.

24Таму е Елам со сето множество околу гробницата негова; сите тие се поразени и паднати од меч; тие необре­зани слегоа во бездната, оние кои рас­пространуваа ужас по земјата на жи­ви-те, си го носат срамот свој заедно со слегнатите во гроб.

25Меѓу поразените му дадоа легло, со сето негово множество; околу него се гробовите нивни; сите необрезани се поразени со меч, бидејќи задаваа страв во земјата на живите; тие и го носат врз себе срамот подеднакво со оние што се спуштиле во гроб и се положени меѓу поразените.

26Таму се Мешех и Тувал со сето свое множество; околу него се гробовите не­гови; сите необрезани, поразени се со меч, затоа што предизвикуваа ужас во земјата на живите.

27Тие не треба да лежат со паднатите необрезани јунаци, кои со убојното оружје се спуштија во бездната и ги ста­вија своите мечеви под главите свои; нивниот грев остана врз коските нивни, бидејќи тие како силни беа ужас во земјата на живите.

28И ти ќе бидеш убиен меѓу необре­за­ните и ќе лежиш со поразените од меч.

29Таму е Едом, царевите негови и си­те негови кнезови, кои и при сета своја храброст се положени меѓу поразените со меч, тие лежат со необрезаните и слегнатите во гроб.

30Таму се управителите на Север, тие сите и сите Сидонци, кои се спуштија долу со поразените, а кои беа посраме­ни во својата моќ што предизвикуваше ужас, па лежат и тие се необрезани, со поразените од меч, и го носат срамот свој заедно со слегнатите во гроб.

31Ќе ги види фараонот и ќе се утеши за сето множество свое, поразен со меч, фараонот и сета негова војска, вели Господ Бог.

32Зашто Јас зададов страв во земјата на живите и фараонот со сето свое мно­жество ќе биде положен меѓу необре­за­ните, заедно со поразените од меч“, ве­ли Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help