Јов 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одговор на Јов: каква жалосна помош ми нудиш!

1Одговори на тоа Јов и рече:

212,2„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќниот!

313,1Каков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост!

417,5Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?

Универзалната моќ на Бога

5 24,22 Подлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мр­тов­ци­те.

6Пс 138,8Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него.

738,6Го послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.

838,28Тој ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.

937,18; 38,25Го поставил престолот Свој и го рас­пнал над него Својот облак.

1038,24Ставил круг над водната површина на границата меѓу светлината и темни­на­та.

1138,33Столбовите небески се тресат и тре­перат од силата Негова.

1238,8-11Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.

1337,21Со Својот Дух го разбистри небото; раката Негова ја прободе лукавата змија.

1437,2Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help