1 3 Мојс 21,17-23; Ис 56,3-7; Мт 19,12 Оној што е скопен или е со исечен полов орган не може да влезе во општеството Господово:
2ниту син на блудница не може да се прими во Господовата заедница – ни тој, ни неговите потомци до десетто колено.
3Неем 13,1-3Амонец и Моавец не смее да влегува во заедницата Господова; а нивните потомци да не се примаат во Господовата заедница и по десетото колено, довека,
4затоа што тие не ве пресретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Беоровиот син, од Петор во Горни Арам, за да те проколне.
5Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаам и ја сврте Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејќи Господ твојот Бог те засака;
6не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.
7Не гнаси се од Едомец, бидејќи тој е твој брат; не гнаси се од Египќанин, зашто ти беше дојденец во земјата негова.
85,9Потомците нивни, родени во трето колено, можат да бидат примени во Господовата заедница.
Чистотата на логорот9Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од сѐ што е лошо.
103 Мојс 15,16-17Ако кај тебе има некој нечист поради ноќна случка, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во него;
11а вечерта да го измие телото свое со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.
12Ти треба да имаш место надвор од логорот, каде што ќе одиш да ги извршуваш своите физиолошки потреби;
13покрај своето оружје, ти треба да имаш и лопатка; па кога ќе одиш таму надвор, ископај со неа јама и потоа покриј ја со неа нечистотијата своја,
147,6бидејќи Господ, твојот Бог, престојува во логорот твој, за да те избавува и да ги предава непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Тој кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.
Роб во бегство15 1 Цар 30,11-15 Не предавај го робот на неговиот господар, кога ќе избега кај тебе од господарот негов;
16нека живее со тебе, меѓу вас нека живее во секое место, што ќе му биде угодно; не го притеснувај.
Сакралното блудство17 1 Мојс 38,21-22 Блудница од израилските ќерки да нема, и блудник да нема од синовите на Израил.
183 Цар 14,24; 15,12; 4 Цар 23,7; Ос 4,14Во домот на Господ, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, за никаков завет, тоа е одвратност пред Господ, твојот Бог.
За заемот со лихва19 2 Мојс 22,25 Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;
20на туѓинец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.
Заветите21 4 Мојс 30,3; Изреки 20,25; Проп 5,3-5; Мт 5,33; Дела 5,4 Ако Му дадеш завет на Господ, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ќе го побара од тебе и врз тебе ќе падне грев;
22ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.
23Она што ќе излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејќи со образ си Му ветил дар на Господ, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.
Правото да се скинат неколку плодови24„Кога ќе влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но во садот свој не клавај.
25Мт 12,1Ако влезеш во нивата на ближниот свој, скини класја во рацете свои, но со срп да не жниеш.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.