1 Лк 14,32 Затоа му испратија гласници со мирољубиви предлози, кои велеа:
2„Еве, ние слугите на големиот цар Навуходоносор, паѓаме ничкум пред тебе, прави со нас што сакаш.
31 Мак 12,23Нашите куќи, нашите места, сите ниви со пченица, стадата наши и добитокот и сите наши живеалишта: служи се со нив како што сакаш.
4Еве, и градовите наши и нивните жители се твои слуги: дојди и постапи со нив како што ти е мило.“
5Дојдоа луѓе кај Олоферн и му ги соопштија тие пораки.
6Тогаш отиде тој во приморските места со својата војска, постави стража во нивните утврдени градови и одбра од нив силни мажи како помошна војска.
71 Мојс 31,27; 2 Мојс 15,20; Суд 11,34; 1 Цар 18,6; 3 Цар 1,40А тие и целата нивна околина го пречекаа со венци, песни и свирки;
8Дан 6,7; 11,36; 2 Сол 2,4тој им ги разурна сите тврдини и им ги исече нивните свети шуми, зашто нему му беше заповедано да ги уништи сите божества на таа земја, па сите народи да му служат само на единиот Навуходоносор: сите народи и сите племиња да му се обраќаат како на бог.
91,8Штом дојде кон Ездрелон, близу до Дотаим, кај големата Јудејска клисура,
10тој постави логор меѓу Гева и Скитополис и остана таму цел месец за да ја снабди својата војска со сѐ што ѝ е потребно.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
