1 4 Мојс 5,11-15 Не биди љубоморен на својата сакана жена: не давај ѝ лош пример против себе самиот.
2Суд 16,4-21; 3 Цар 11,1-4; Изреки 31,3На твојата жена не предавај ѝ ја твојата душа, за да не завладее сосема со тебе.
3Изреки 23,27; 29,3До блудница не приближувај се, за да не паднеш во нејзините примки.
4Изреки 7,6-27Со пејачка не дружи се: со уметноста своја може да те плени.
5Јов 31,1; Мт 5,28Не загледувај се во девица, за да не бидеш соблазнет од нејзината убавина.
6Изреки 29,3; Лк 15,13На блудница не давај ѝ ја својата душа, за да не го загубиш твојот имот.
7Не обѕрнувај се по улиците на градот и не талкај по неговите пусти делови.
8Изреки 2,16; 5,2-20; 6,23-29; 7,5; 22,14Убава жена не гледај; не загледувај се во туѓа убавина.
9Изреки 30,20Женската убавина многумина заведува; од неа како од оган се распалуваат страстите.
10Со жена омажена никогаш не седи, вино не пиј заедно со неа;
11душата твоја да се не приврзе за неа; обземен од страсти – в бездна да не пропаднеш.
Однесување со мажите12 Пс 36,1-2; 73,3; Изреки 24,19 Стар пријател не отфрлај; новиот со него не се споредува;
13Изреки 16,14; 19,12новиот пријател е како ново вино; кога стане старо – со наслада го пиеш.
1437,7-15На славата на грешникот не завидувај, зашто не знаеш каков ќе му биде крајот.
15Не одобрувај го она што го прават безбожниците; помни дека нема да им трае среќата до пеколот.
161,11; 10,22Далеку биди од човек што има власт да убива, па страв смртен нема да те прогонува,
17Изреки 8,15-16; Мудр 6,1-11а ако се зближиш со него, добро пази се да не загинеш.
1837,20Знај дека сред стапица одиш, дека по врвовите на ѕидините градски чекориш.
19Со ближните свои дружи се, но со мудрите советувај се.
20Разговор води со разумни луѓе; зборовите твои според законот на Севишниот да бидат.
21Со мажи праведни лебот твој дели го; во страхопочитта кон Господа нека ти биде славата.
Управувачите22Според раката на уметникот се пофалува делото, а владетелот на народот – според неговите зборови.
23Во градот се плашат од човек со дрзок јазик и го мразат оној којшто неразумно говори.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
