1 4 Цар 15,32; Амос 9,1; Дан 7,9; 2 Лет 26,22-23; Откр 4,2; 20,11 Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм.
2Ез 1,11; Откр 4,8Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе.
357,15; 4 Мојс 14,21; Авак 3,3; Пс 28,9; 72,19; Откр 4,8И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!“
42 Мојс 19,16; 40,34-35; 3 Цар 8,10; Пс 17,7-11; Откр 15,8И се разниша горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.
51,16; 2 Мојс 33,20; Суд 6,22И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“
6Откр 8,3-5Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот,
7Ер 1,9; Пс 50,2-3; Дан 10,16се допре до устата моја и ми рече: „Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти.“
840,6; 2 Мојс 4,13; 3 Цар 22,20И го чув гласот на Господ, Кој рече: „Кого да испратам и кој ќе отиде за нас?“ А јас реков: „Еве ме мене, испрати ме мене!“
943,8; Мудр 4,14; Мт 13,14-15; Мк 4,12; Дела 28,26-27Тогаш Тој рече: „Оди и кажи му на тој народ: ‚со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате – и нема да видите.‘
10Ер 5,21; Ез 12,2; Зах 7,11; Јн 12,40Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обратат да ги излекувам.“
111,7; 32,14; Ер 4,7; 51,43И реков: „До кога, Господи?“ Тој рече: „Додека запустат градовите и останат без жители, и куќите без луѓе, земјата сосема не се запусти,
127,16; 10,23додека Господ не ги протера луѓето и голема пустош во таа земја да има.
132 Цар 19,43; 3 Цар 11,31-32И ако остане уште десеттиот дел во неа, и таа пак ќе биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсечени, останува коренот нивни, така светото семе ќе биде нејзин корен.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
