1Во втората година од владеењето на Јоас, синот на израилскиот цар Јоахаз, стана цар Амасија, син на јудејскиот цар Јоас:
2тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадана, од Ерусалим.
3И го правеше тој она што беше правилно пред очите на Господ, но не така, како неговиот предок Давид; тој во сѐ постапуваше како својот татко Јоас.
4Само идолските светилишта не беа урнати: народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5Кога се зацврсти царството во рацете негови, тој ги уби слугите свои што беа го убиле царот, неговиот татко.
6Ер 31,29-30; Ез 14,12–20,18; 33,10-20Но децата на убијците не ги уби, зашто е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, каде Господ заповеда, велејќи: „Татковците да не бидат казнувани со смрт заради децата, и децата не треба да бидат казнувани со смрт заради татковците, туку секој треба да се казнува со смрт за својот престап.“
7Тој порази десет илјади Едомци во Солената Долина, и го зеде градот сала со војна, и му даде име Јоктеел, кое си остана и до денес.
8Тогаш Амасија испрати пратеници до Јоас, израилскиот цар, син на Јоахаз, Јехуевиот син, да кажат: „Излези да се видиме лице в лице!“
9Тогаш израилскиот цар Јоас испрати до Амасија, јудејскиот цар, да кажат: „Трнот леванонски испратил кај кедарот леванонски да кажат: ‚дај ја ќерката своја за жена на синот мој. Но минале диви леванонски ѕверови и го изгазиле тој трн.‘
10Ти ги порази Едомците, и срцето твое се возгордеа. Биди задоволен со својата слава и остани во домот свој. Што ти треба да предизвикуваш расправија за зло? Ќе паднеш ти и Јудеја со тебе.“
11Но Амасија не послуша. Тогаш Јоас, царот израилски, излезе, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, царот јудејски, во Ветсамис што е во Јудеја.
12Јудејците беа разбиени од Израилците, и се разбегаа по шаторите свои.
13Израилскиот цар Јоас го фати во Ветсамис јудејскиот цар Амасија, синот на Јоас, Ахазиевиот син, дојде во Ерусалим и урна четиристотини лакти од ерусалимскиот ѕид – од Ефремовата Порта до Аголната Порта.
1425,14-15; 3 Цар 14,26; 1 Мак 1,21-24; 2 Мак 5,15-16И го зеде сето злато и сребро и сите садови, какви што се најдоа во домот Господов и во сокровиштата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија.
15Другите дела на Јоас што тој ги изврши, и за неговите јуначки подвизи, и како тој војуваше против јудејскиот цар Амасија, се опишани во летописите на израилските цареви.
16И почина Јоас кај своите предци, и беше погребан во Самарија, покрај израилските цареви. Место него стана цар неговиот син Јеровоам.
17Амасија, синот на Јоас, јудејскиот цар, живееше петнаесет години по смртта на Јоахазовиот син Јоас, израилскиот цар.
18Другите дела на Амасија се запишани во летописите на јудејските цареви.
19И направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и таму го убија.
20Го донесоа на коњи, и го погребаа во Ерусалим кај неговите предци, во Давидовиот град.
21Сиот народ јудејски го зеде Азарија, кој беше на шеснаесет години, и го поставија за цар место неговиот татко Амасија.
22Тој повторно го изгради Елат и му го врати на Јудеја, откако царот, татко му, почина кај своите предци.
Јеровоам, цар на Израил23Израилскиот цар Јеровоам, синот на Јоас, стана цар во Самарија во петнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Амасија, Јоасовиот син, и царуваше четириесет и една година.
24И го правеше она што не беше добро пред очите на Господ: не отстапуваше од ниеден грев на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израил.
25Тој ги установи границите на Израил од Емат до Мртвото Море, според словото на Господ, Бог Израилев што Тој го беше изрекол преку слугата Свој Јона, синот на Амитај, пророк од Гат-Хефер,
26зашто Господ ја виде неволјата на Израил, толку горчлива, зашто немаше ни робови, ни слободни што би му помогнале на Израил.
275 Мојс 7,24; 9,14; 25,19; 29,19И не сакаше Господ да го искорени името на Израилците под небото, па ги спаси преку раката на Јоасовиот син Јеровоам.
282 Цар 8,5-10Другото за Јеровоам и за сѐ што извршил, и за неговите јуначки подвизи, како војувал и како му ги вратил на Израил Дамаск и Хамат, што ѝ припаѓаа на Јудеја, е опишано во летописите на израилските цареви.
29И почина Јеровоам, кај своите предци, кај израилските цареви. А на негово место стана цар синот негов Захарија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.