Сирахова 46 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исус и Калев

1 Ис.Н. 5,16–10,22 Ис.Н. 1,1 Храбар јунак во борбите беше Исус, Навиновиот син и во про­роштвата наследник на Мојсеј;

2Ис.Н. 8,18.26според своето големо име тој се по­кажа како голем избавител на Божјите избраници, одмаздувајќи им се на востанатите непријатели, и така Израил да го воведе во наследството негово.

32 Мојс 17,13Колку се прослави кога рацете свои ги издигна и кога мечот свој кон гра­до­вите го пружи!

4Ис.Н. 10,12-14Кој бил некогаш како него? Тој бор­би Господови водел.

546,16; Ис.Н. 10,11Не застанало ли сонцето од раката негова и од еден ден – не станаа ли два?

6Ис.Н. 10,10-11Севишниот Бог тој Го повика, кога од сите страни непријатели го беа оп­кружиле, и Господ гласот негов го пос­луша;

74 Мојс 14,6-10град како камења пушти од небото врз непријателите и ги порази против­ниците по падините на планината,

816,10; 2 Мојс 3,8; 4 Мојс 14,30за да го познаат незнабошците оружјето Негово дека борбата се одвивала пред Господа. Тој само одел по Се­силниот.

94 Мојс 14,24; Ис.Н. 14,9-11И во деновите на Мојсеј добро дело направи, тој и Калев, Јефунеовиот син, кога им се противставија на разбунтуваните, народот го задржаа од грев и ги смирија гласовите на побуната.

10Од шестотини илјади што патуваа, само тие двајца беа спасени, за да го во­ведат народот во ветената земја – таму каде што тече мед и млеко.

11Суд 1,1–16,31; 1 Цар 3,19-20

Суд 2,16-19И му даде Господ на Калев сила, којашто до старост остана во него, за да се искачи по височините земни, коишто се наследство на неговото племе;

12за да видат сите синови израилски дека е добро по Господа да се оди.

Судиите

13 1 Цар 7,3-6; 7,15-17; 8–10 Така и судиите, секој според своето име, чии срца верни на Господа беа и од Бога не отстапуваа; споменот за нив благословен нека биде!

14Коските нивни да се расцутат од гробот!

15Славата на нивното име нека пре­мине на нивните синови – за нивно про­славување!

Самоил

16 46,5; 1 Цар 7,9-10 Миленикот Господов Самоил, Не­гов пророк, основа царство и за народот свој цареви му помаза,

17Според законот на Господ тој му су­деше на народот, и Господ го посети Ја­ко­ва;

181 Цар 7,10-14по својата вера беше вистински пророк, а според она што говореше – вис­тински предвидуваше.

191 Цар 12,1-5Кога народот од секаде беше притиснат, кон Бога во неволјата своја по­вика и младо јагне на жртва принесе.

201 Цар 28,6-25Тогаш Господ од небо силно загрме и во силната бучава се слушна гласот Негов,

21ги погуби водачите тирски и сите кнезови филистејски.

22Пред да се пресели во вечниот по­кој, тој посведочи пред Господа и пред Неговиот помазаник: „Од никого имот не сум зел, дури ни обични обувки.“ И никој не го обвини.

23И по својата смрт пророкуваше: на царот крајот негов му го објави; и во пророкувањето од земјата гласот свој го подигна, за да го отстрани беззаконието во народот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help