Јов 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одговор на Јов: имам сведок на небото

1Одговори Јов и рече:

213,1„Сум се наслушал на такви работи; никакви утешители сте сите вие!

3Ќе имаат ли крај празните зборови? И што те поттикнало да ми говориш така?

4Мт 27,39И јас можев да зборувам исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;

5Изреки 27,9би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве уте­шувал.

6Ако говорам, скрбта моја не се ста­ложува; ако замолчам, зар ќе ме од­ми­не?

7Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.

819,20Ти ме покри со брчки, за сведоштво против мене; мојата истоштеност се крева против мене, в лице ме прекорува.

910,16Гневот Твој ме измачува и непријателствува против мене, ми чкрта со за­бите; непријателот ги впива очите во мене.

10Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме, ме удираат по образи­те; сите направиле заговор против мене.

1130,1; 30,12-14Бог ме предаде на беззаконикот и ме фрли во рацете на нечестивите.

12Си бев спокоен, но Тој ме потресе; ме фати за вратот, ме затресе и ме пос­тави за цел на Себеси.

136,4; 7,20; 30,16; 34,6Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жол­ч­ката моја,

1410,17пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.

15Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.

1617,7Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,

1731,1-34иако во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.

181 Мојс 4,10; 37,26; Ис 26,21; Ез 24,7.8Земјо, не криј ја крвта моја; нека мојот повик насекаде се слушне.

19Пс 9,12; Мт 23,35; Дела 18,24И сега, ете, на небото Сведок имам; Застапникот ми е во висините!

202 Мојс 3,7; Пс 78,11Се потсмеваат со мене пријателите мои, а очите ми солзат пред Бога.

21Пс 87,2; 102,2; Плач 3,44; Откр 8,3-4О, да можеше човек да се натпрева­рува со Бога, како синот човечки со својот ближен!

227,9; 10,21; 14,12Зашто крајот на годините мои доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help