Естира 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Во тој ден царот Ксеркс ѝ го даде на царицата Естира домот на Аман, непријателот на Јудејците; а Мардохеј влезе пред лицето на царот, зашто Ес­тира беше соопштила што ѝ е тој.

23,10; 1 Мојс 41,42И царот го извади прстенот свој што го беше одзел од Аман, и му го даде на Мардохеј; а Естира го постави Мардо­хеј за надзорник на Амановиот дом.

Царскиот указ во полза на Јудејците

3 3,6.9.11.13 И Естира говореше уште пред ца­рот, падна пред нозете негови, плачеше и го молеше да ја измени злобата на Вугеецот Аман и плановите негови што беше ги скроил против Јудејците.

45,2Царот го подаде кон Естира златни­от жезол; Естира стана и застана пред лицето на царот,

53,12-13па му рече: „Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милост пред неговото лице, а тоа дело биде справедливо пред лицето на царот, нека се напише да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Аман, син Амадатов, кој беше напишал за погубувањето на Ју­дејците во сите царски области;

6зашто, како би можела да ја гледам неволјата што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам загинувањето на моите сродници?“

72,21Тогаш царот Ксеркс им рече на ца­ри­цата Естира и на Јудеецот Мардохеј: „Еве, јас ѝ го дадов на Естира домот на Аман, и самиот него го обесив на бесилка, поради тоа што беше кренал рака на Јудејците;

8напишете и вие за Јудејците, она што ви е угодно, од името на царот и потврдете го со печат од царскиот прстен, зашто писмо, напишано од име­то на царот и потврдено со печат од царски прстен, не може да се измени.“

93,12-15Веднаш беа повикани царските писа­ри во третиот месец, односно, во месе­цот сиван, на дваесет и третиот ден, и бе­ше напишано сѐ онака, како што запо­веда Мардохеј, до Јудејците и до са­тра­пите, до обласните намесници, до управниците на областите од Индија до Етиопија – сто дваесет и седум области на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Ју­деј­ците со нивните писма и на нивни јазик.

10И беа напишани писма од името на царот Ксеркс, ги запечати со царскиот прстен и им ги испрати по брзоодци на коњи, на камили и на царски мулиња,

11дека царот им дозволува на Ју­деј­ци­те што се наоѓаат во секој град да се со­берат и да го заштитат својот живот, да ги истребат, убијат и погубат сите сил­ни во народот и во областа, кои пос­та­пуваат непријателски спрема нив и нив­ните деца и жени, а имотот нивни да го разграбаат,

12во еден ден по сите области на ца­рот Ксеркс, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, во месе­цот адар.

12а А еве го преписот од таа по­велба:

12б „Великиот цар Ксеркс до на­чалниците од Индија до Етиопија над сто дваесет и седум области и до упра­вителите на покраини, и од сите оние што ни посакуваат добро, поздрав!

12в Мнозина, поради извонредната добрина на добротвори, штедро наградувани со почести, прекумерно се возгордеаја и не само што сакаат да им причинуваат зло на нашите поданици, туку, неможејќи да ја наситат гордоста, се обидуваат да коваат заговори против самите свои добротвори;

12г не само што го губат чувството на човечка благодарност, туку, китејќи се со гордоста на безумните, престапно мислат да го одбегнат судот на Бога, Кој секогаш сѐ гледа.

12д Но често и мнозина, бидејќи се обле­че­ни со власт, за да ги уредуваат работите на пријателите што им ги довериле ра­ботите, со своето убедување ги прават виновници во пролевањето на невина крв

12ѓ и поттикнуваат на непоправливи зла, при што со вешто сплетени лаги ја измамуваат добрата намера на владете­лите.

12е Тоа може да се види не толку од древните истории, како што рековме, колку од делата, престапно извршувани пред вас со злобата на недостојни врши­тели на власта.

12ж Затоа, за во иднина треба да се погрижиме да уредиме во царството да има за сите луѓе мир,

12з да не допуштиме измени, но појавуваните дела да ги разгледуваме со нужна претпазливост.

12ѕ Така Аман Амадатов, Ма­кедонец, поправо туѓ на персиската крв и многу далеку од нашата благост, би­дејќи беше примен кај нас на гости,

12и се здоби со благонаклоност, што ја има­ме кон секој народ, дотолку што беше прогласен за наш татко и почитуван од сите, при што претставуваше втор чо­век при царскиот престол;

12ј но, бидејќи не ја скроти гордоста, замисли да нѐ ли­ши од власта и душата,

12к а нашиот спа­сител и секогаш благодетел Мардохеј и непорочната соучесничка на царството Естира со сиот нивни народ се стреме­ше да ги погуби со разни сплетки.

12л На тој начин тој мислеше да нѐ остави без луѓе, а персиската држава да им ја пре­даде на Македонците.

12љ Но ние нао­ѓа­ме дека Јудејците, осудени од тој злос­торник на истребување, не се злостор­ни­ци, туку живеат според најправедни­те закони,

12м како синови на Севиш­ни­от, живиот Бог, Кој ни го подари нам и на нашите прадедовци царството во нај­доб­ра состојба.

12н Затоа ќе направите добро да не постапите според писмата што Аман Амадатов ги испрати; зашто тој што го изврши тоа е обесен со цели­от дом свој пред портата на Суза според волјата на Бога, Кој господари над сѐ и Кој скоро му даде заслужен суд.

12њ А откако ќе го изложите јавно на секое место преписот од оваа повелба, оста­ве­те ги Јудеците да се користат со своите закони и помагајте им, за да можат на оние, што ќе се кренат против нив во времето на жалоста, да им се одмаздат на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец адар, во истиот тој ден.

12о Зашто, Бог, Кој владее над сѐ, наместо гибел на избраниот род, им подготви таква ра­дост.

12п И вие, меѓу видните празници, праз­нувајте го и овој бележит ден со се­каква веселба, та сега и во иднина да се памети спасението и благонаклоноста кон нас Персите и за гибел на оние што ни коваа заговори.

12р Секој град или об­ласт воопшто, која нема да го исполни ова, ќе биде безмилосно опустошена со меч и оган и ќе стане не само невозможна за живеење на луѓе, туку и од­вратна за ѕверовите и птиците засекогаш.“

13Препис од таа повелба да се испра­ти до секоја област, како закон, објавен за сите народи, та Јудејците да бидат го­тови за тој ден да им се одмаздат на не­пријателите свои.

14Брзоодците, јавнати на брзи царски коњи, тргнаа скоро и брзаа со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза.

151,6; Ис 12,6; 22,13; 24,14; 35,10; 51,3; 54,1; Ер 15,16; 31,7; Зах 8,19; Пс 50,9Тогаш Мардохеј излезе откај царот во царски сини и бели алишта, со голем златен венец и во ленена и пурпурна об­лека. Градот Суза се развесели и се за­радува.

16Кај Јудејците тогаш настана ден на светлина и радост, веселба и свеченост.

179,27; Ис 14,1; 56,3.6; Ер 50,5; Зах 2,11; Пс 82,8; Јудита 14,17И во секоја област, во секој град и секое место, каде што ќе стигнеше за­поведта на царот и неговата повелба, настануваше радост, веселба, гозба и празник за Јудејците. И мнозина луѓе од народите во земјата станаа Јудејци, зашто ги беше обзел страв од Јудејците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help