1 Ис 32,9 „Јас, Навуходоносор, бев спокоен во својот дом и живеев во изобилие и задоволство поради моите достигања.
22,1.3; 5,6; 1 Мојс 41,8; Јов 3,26Но видов сон што ме уплаши и виденијата ме смутија.
32,2Па дадов заповед да ги доведат кај мене сите советници вавилонски за да ми кажат што означува сонот.
41 Мојс 41,8; Ис 44,25Тогаш дојдоа јасновидците, маѓесниците, волшебниците и гледачите и јас им го кажав сонот, но тие не можеа да ми објаснат што значи.
51,7; 1 Мојс 41,38Последен влезе кај мене Даниил, чие име беше Валтазар – според името на мојот бог, и во кого е духот на Бога Светецот; нему му го кажав сонот.
6Валтазаре, глава на мудреците, знам дека е во тебе духот на Бога Светецот и дека никаква тајна тебе не ти претставува тешкотија; објасни ми го видението на мојот сон што го видов и што значи.
7Ис 10,33–11,1; Ез 17,3-10; 22,24А виденијата на мојата глава врз леглото мое беа вакви: видов, ете, во средината на земјата дрво многу високо.
8Ез 19,11; 31,5Дрвото порасна и се зацврсти, а височината негова достигаше до небото, и се гледаше од сите краишта на целата земја.
9Ез 17,23; Мт 13,32Лисјата негови – многу убави, и плодовите на него – многубројни, и храна на него имаше за сите; под него наоѓаа сенка ѕверовите полски, а по гранките негови си правеа гнезда птиците небески и од него се хранеше секое суштество.
107,1; 5 Мојс 33,2И додека размислував за виденијата врз леглото мое, ете, од небесата слезе ангел, буден како стражар.
11Ез 31,12; Јов 24,20; Мт 3,10Откако извика високо, тој рече: ‚Исечете го тоа дрво, искастрете ги гранките негови, истресете ги лисјата од него и расфрлете ги плодовите негови; нека избегаат ѕверовите од под него и птиците од под гранките негови;
12но коренот оставете го во земјата, со вериги железни и бакарни околу него, меѓу полската трева врз него нека паѓа росата небеска и со животните нека се дружи.
13Срцето човечко ќе му се одземе и ќе му се даде срце ѕверско и така ќе мине седум години.
142,21; 3,26; Ер 27,5-7; Пс 102,19; Мт 23,12По заповед на будните како стражари ангели така е определено за да знаат живите дека Севишниот владее над човечките царства и ги дава кому сака и ги поставува над нив најпонизните луѓе!‘
151,20; 5,8.15; 1 Мојс 41,8Таков сон видов јас, царот Навуходоносор; а ти Валтазаре, кажи што означува сонот, бидејќи никој од мудреците во моето царство не може да објасни што значи тој, а ти можеш, зашто во тебе е духот на Бога Светецот.“
16Тогаш Даниил, наречен Валтазар, остана занесен околу еден час и мислите негови му беа збркани. Царот прв почна да зборува и рече: „Валтазаре, да не те вознемирува овој сон и значењето негово.“ Валтазар одговори и рече: „Господаре мој, овој сон нека биде за твоите завидливци, а значењето негово за твоите непријатели.
17Дрвото што си го видел кое беше големо и цврсто, и со височината достигало до небесата и се гледало по целата земја,
18Ез 31,6на кое имало прекрасни лисја и многу плодови и храна за сите, под кое живееле полски ѕверови и во чии гранки виеле гнезда птици небески,
195,18-19; 2 Цар 12,7; Ер 27,7тоа си ти царе што си се возвеличил и укрепил, и величието твое пораснало и достигнало до небесата, а власта твоја – до краиштата на земјата.
208,13А тоа што царот го видел ангелот буден како стражар, кој слегнал од небесата и рекол: – исечете го дрвото и уништете го, но главниот корен оставете го во земјата во вериги железни и бакарни меѓу полската трева; да го наквасува небеската роса и да биде заедно со полските ѕверови, додека не изминат над него седумте години,
21Ер 27,5еве што значи тоа царе, и ова е решението на Севишниот што ќе го постигне мојот господар царот:
222,47; Јов 24,8тебе ќе те одведат од луѓето и ти ќе живееш со ѕверовите полски, со трева ќе те хранат како вол, небеска роса ќе те наквасува и седумте години ќе минат преку тебе, сѐ додека не разбереш дека Севишниот владее над човечките царства и ги дава кому сака.
232,37; 1 Мак 3,18; 2 Мак 9,4; Лк 15,21А тоа што е заповедано да остане главниот корен на дрвото, тоа значи дека твоето царство ќе ти биде вратено, кога ќе разбереш дека Бог владее со целиот свет.
24Тов 12,9; Сир 3,3Затоа, царе, нека ти биде благоугоден мојот совет: искупи се за гревовите свои со правда, и за беззаконијата твои – со милосрдие спрема бедните; ете со тоа може да се продолжи твојот напредок.“
254 Мојс 23,19Сето тоа се збидна со царот Навуходоносор.
26Откако минаа дванаесет месеци, одејќи по царските дворци во Вавилон,
27Откр 14,8; 16,19; 17,5; 18,2царот рече: „Зар не е величествен овој Вавилон, што го изградив како дом на царството со силата на мојата моќ и за слава на моето величие?!“
28Мк 1,11; 9,7; Јн 12,28; Откр 11,12Уште му беа зборовите во устата на царот, а од небото се чу глас: „За тебе зборуваат, царе Навуходоносоре – царството ќе ти се одземе!
29И ќе те одвојат од луѓето, па ќе живееш со полските ѕверови; со трева ќе те хранат како вол и седум години ќе минат преку тебе сѐ додека не узнаеш дека Севишниот владее над човечките царства и дека ги дава кому сака Тој.“
305,20-21; Јов 24,8Веднаш се исполни тој збор над Навуходоносор, и тој беше прогонет од луѓето, јадеше трева како вол и телото негово го наквасуваше росата небеска, така што влакната му израснаа како кај орел и ноктите му беа како канџи кај птиците.
31„Но, откако се изврши тоа во оние дни, јас, Навуходоносор, ги кренав очите кон небото и разумот се врати во мене, па Го благословив Севишниот, Го восфалив и Го прославив вечно Живиот, чие владение е вечно и чие царство е од род во род.
32Ис 40,22-24; Јудита 16,14; Рим 11,34И сите што живеат на земјата ништо не значат; Тој дејствува според Својата волја како во небесната војска, така исто и меѓу живите на земјата и нема никој што би можел да се противи на раката Негова и да му рече: што правиш?
335,18Во тоа време разумот се поврати во мене и славата на моето царство ми се поврати со величината и поранешниот вид: тогаш ме побараа советниците мои, великодостоинствениците мои, и јас бев повторно издигнат на царствово свое, и величието мое уште повеќе се издигна.
342 Мојс 15,2; Ис 13,11; Пс 17,26; 33,3; 118,21; Јов 31,4; Мт 23,12Сега јас, Навуходоносор, Му оддавам слава и Го величам Небесниот Цар, Чии сите дела се вистински и патиштата Негови праведни и Кој има моќ да ги понизни горделивите.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.