Јудита 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ахиор предаден на Јудејците

1Кога стивна вревата од мажите што беа собрани на договор, Оло­фе­рн, врховниот заповедник на асир­ската војска, пред сите луѓе собрани од разни племиња му рече на Ахиор:

23,8; 4 Цар 18,35; Дан 3,5; 6,21„Ахиоре, кој си ти, ти и платениците Ефремови, што вака денес пророкуваш и што ми советуваш да отстапам, да не војувам против народот израилски, за­тоа што нивниот Бог ги заштитува? А кој е бог освен Навуходоносор? Тој ќе ја испрати својата сила и ќе ги избрише од лицето на земјата, а нивниот Бог нема да ги спаси.

3Ние, слугите на нашиот цар, ќе ги победиме како еден човек; тие не ќе мо­жат да ја издржат силата на нашата ко­њица.

4Ис 34,7; Ез 32,5-6Ќе ги изгазиме; горите нивни ќе ги напоиме со нивната крв; рамнините ќе ги наполниме со нивните трупови. Нема да се додржат пред нашето лице; сите ќе загинат. Така говори царот Н­аву­хо­доносор, господарот на целата земја. Така говори тој, а зборовите негови не се попусто речени; тие се негова запо­вед.

5А ти, Ахиоре, амонски наемнику, ти што ги изрече овие зборови во денот на твојата неправда, нема да го гледаш мо­ето лице од денешниов ден сѐ додека не му се одмаздам на тој народ – на тие бе­галци од Египет.

6А кога ќе се вратам, мечот на мојата војска и народот што ми служи ќе поминат преку твоите ребра, и ти ќе паднеш меѓу ранетите Израилци.

7Моите робови ќе те одведат во гор­ските предели и ќе те остават во еден од градовите на тие височини,

8и нема да умреш сѐ додека не бидеш заедно со нив уништен.

97,13А ако во твоето срце се надеваш дека нема да бидат поразени, знај дека ќе се посрамиш. Ти реков – сите мои зборови ќе се исполнат.“

10Тогаш Олоферн им заповеда на своите слуги, кои го чекаа во неговиот шатор, да го фатат Ахиор и да го одведат во Ветилуја, да го предадат во ра­це­те на синовите Израилеви.

11Робовите го фатија и го изведоа надвор од логорот во полето, а од полето се искачија во планинските предели и дојдоа под изворите што беа под Ве­ти­луја.

12Кога ги забележаа, луѓето од градот на врвот од планината, тие го грабнаа своето оружје, излегоа од гра­дот кој беше на врвот планински, и се­кој маж со праќка во рака, – го пазеа преминот и фрлаа на нив камења.

13А тие, откако се приближија до го­ра­та, го врзаа Ахиор, го оставија во падините на гората и се вратија кај својот господар.

14А синовите Израилеви, кои беа излегле надвор од градот, се доближија до него, го одврзаа и го одведоа во гра­дот Ветилуја и го изведоа пред градски­те началници,

15кои во тоа време беа Озија, синот на Миха – од родот на Симеон, Хавриј, си­нот на Готониил, и Харми, синот на Мелхиил.

16Јоил 2,16Тие ги свикаа сите градски ста­ре­шини, но на собранието дојдоа и сите жени и момчиња. Го ставија Ахиор сре­де сиот народ, а Озија го праша што се случило со него.

17Ахиор ги извести за сѐ што се слу­чи на Олоферновото собрание, за сѐ што тој кажал пред асирските водачи и за сѐ со што се фалел Олоферн дека ќе направи против домот на Израил.

18Тогаш народот падна ничкум, Му се поклони на Бога и извика:

194 Цар 19,16; Пс 83,9; 134,1; Дела 4,29„Господи, Боже небесен, погледни ја нивната горделивост и покажи ми­лост кон понизноста на Твојот народ и погледни ги милозливо денес лицата на оние што Ти се посветени – Тебе.“

20Потоа го охрабрија Ахиор и многу го пофалија.

21Озија го одведе Ахиор од собранието и го доведе во својот дом и направи гозба за старешините. Целата таа ноќ Го повикуваа на помош Бога на Изра­илците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help