1Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора.
295,4Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар.
3Мт 5,35Бог, Кој е во Неговите тврдини, се покажа како сигурна одбрана.
49,9; 17,2; 45,7.11; 58,9.16-17; 61,2.6; 143,2Зашто, ете, се собраа царевите земни и сите дојдоа заедно,
5па, откако видоа, се восхитија, се стаписаа и збунети побегнаа:
667,12страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка;
72 Мојс 15,14; Ис 13,8; 20,2; Ер 4,31; 50,43; 1 Сол 5,3; Јн 16,21како силен ветар што ги разбива таршишките кораби.
8Како што чувме, така и видовме во градот на Господ Саваот, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека.
9Ја спомнуваме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој.
10Името Твое, Боже, како и Твојата слава досегаат до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со победа.
11112,3; Мал 1,11Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските ќерки заради Твоите судови.
1296,8Одете околу Сион и обиколете го, избројте ги кулите негови.
13Ис 26,1; 33,20-21Видете ги бедемите негови, разгледајте ги неговите дворци, за да му раскажете на идниот род,
1477,4; 89,2; 101,27дека овој Бог е наш Бог во сите векови: Тој ќе ни биде пастир вечен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
