Проповедник 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Неправди и аномалии во општествениот живот

1 3,16 Се свртев и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите на онеправданите, и утешител немаат; силата е во рацете на угнетувачите, а закрилник нема.

2Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега;

36,3; Ер 20,18; Јов 3,16; 10,18а поблажен е и од едните и од дру­ги­те оној, што уште не постои, кој не ги видел лошите работи, што се вршат на земјата.

42,11А видов исто дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот.

5Изреки 6,10-11Глупавиот седи со скрстени раце и го гризе своето сопствено тело.

6Подобро една шепа во мир, отколку две со труд и мака во духот.

7Се свртев и видов друга суета на земјата:

8Сир 14,4човек осамен, нема близок: нема ни син, ни брат, а пак на сите работи не­го­ви крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. „За кого, пак, – вели тој – се трудам и ја лишувам од добра душата своја?“ – Ете, и тоа е су­ета и лоша работа.

9Изреки 18,20; Сир 6,14; Лк 10,1Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој.

10Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене.

113 Цар 1,1-2Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее?

12И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине.

139,15Подобар е младинец сиромав и умен, отколку цар – неразумен и стар, кој веќе не умее да прима совети;

14Сир 11,5зашто младиот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството.

15Ги видов сите живи, што одат под сонцето, со вториот младич што ќе застане на негово место.

16Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и гонење ветер.

Не брзај да изговараш зборови пред Господ

17 Изреки 19,2 Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом, и биди готов повеќе да слушаш, отколку да гледаш како безумните принесуваат жртви, зашто тие не знаат дека вршат зло.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help