1Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги раскажувам сите чудеса Твои;
225,7; 74,1; 85,12; Тов 12,20се радувам и се веселам во Тебе, го воспевам името Твое, Севишен!
37,17; 91,1Кога се повлекоа непријателите мои, се сопнаа, и погинаа пред Тебе.
4Бидејќи Ти се зазеде за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, досуди праведен суд.
57,11; 88,14Им запрети на незнабошците, го погуби нечестивиот; името им го сотре за сите векови.
65 Мојс 9,14Непријателот исчезна во вечни урнатини; градовите му ги разруши, и загина споменот за нив.
71 Мојс 19,23-25; Јов 18,17Но Господ вечно седи на престолот; го подготвил престолот Свој за суд;
8101,12; 2 Мојс 15,18; Плач 5,19Тој ќе му суди на светот според правда, на луѓето ќе им суди праведно.
971,2; 95,10.13; 97,9; 1 Цар 2,10; Дела 17,31Господ им е тврдина на угнетените, крепост во време на неволја.
10Нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.
1135,10; 86,4; 90,14; Ис 25,4Пејте Му на Господ Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;
127,7; 64,1; 131,13-14; Ис 12,6бидејќи Тој се одмаздува за крв; ја помни; не ги заборава пискотниците на угнетените.
131 Мојс 9,5; Јов 16,18Смилувај се, Господи, на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од портите на смртта.
14106,18; Ис 38,10; Мудр 16,13; Мт 16,18За да можам да ги искажам сите славослови за Тебе пред портите на ќерката Сионска и да воскликнувам радосно за спасението Твое.
15Попаѓаа незнабошците во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна.
167,15Господ се појави и пресуди; во делата на рацете свои грешникот се заплетува.
17Ќе заминат во пеколот сите грешници, сите народи, кои Бога Го забораваат.
1849,22Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да пропадне.
19Изреки 23,18Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека примаат суд пред Тебе.
207,6Заплаши ги, Господи, за да разберат незнабошците дека се само луѓе.
219,38; 55,4.12Зошто стоиш далеку Господи, зошто се сокриваш во време на неволји?
2221,1; 73,1Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови.
239,33; Јов 22,13Бидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа го презира.
2413,1; 35,1; 72,11; Ер 5,12; Соф 1,12; Мал 3,14-15; Јов 21,14-15; 21,11-13Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“
25Ер 12,1-2; Јов 21,7-33Патиштата негови се секогаш успешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева.
26И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде!
27Рим 3,14Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда.
2816,11-12; 55,6; 58,3; 139,5; Ер 5,26; Ос 6,8-9; Авак 3,14; Изреки 1,11-16Седи во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очите негови демнат беспомошни.
29Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа.
30Се притајува, прилегнува и тогаш беспомошниот паѓа совладан.
3143,24; 72,11; 73,19; 93,7; Ез 9,9; Јов 22,13Па вели во срцето свое: Бог заборавил, го сокрил лицето Свое, никогаш нема да види.
32Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Твоја, не ги заборавај угнетените.
33Зошто безбожникот Го презира Бога, зошто во срцето свое да вели – Бог не казнува?
3430,7; 55,8; 2 Мојс 22,21-22Но Ти гледаш, зашто ги забележуваш маките и навредите; во Свои раце ги одмеруваш; беспомошниот Тебе Ти се предава, Ти си му помошник на сиракот, бедниот Тебе ти се предава.
35Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; казни му ја пакоста за да ја нема повеќе!
3628,10; 144,13; 145,10; Ер 10,10; Наум 1,15Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема незнабошците од земјата Негова.
37Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!
38Дај правда за сиракот и за угнетениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.