Исаија 65 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ ќе ги казни виновниците

1 52,15; Рим 10,20 Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме ба­раа: „Еве Ме, еве Ме!“ – му велев на на­род, кој не го повикуваше името Мое.

2Ер 7,24; Пс 35,4; Изреки 1,24; Варух 1,22; Рим 10,21Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, – по своите помисли, –

366,17; 5 Мојс 32,21; Ос 12,14кон народ, кој постојано Ме навредува в лице, принесува жртви во градини­те и пали темјан на црепчиња,

466,3.17; 5 Мојс 14,8; 18,21; Мк 5,1-20седи во гробови и ноќева во пеш­те­ри; јаде свинско месо, а во садовите не­гови има гнасно вариво;

5Пс 17,8; Сир 21,9кои велат: „Застани, не доближувај се до мене, зашто сум свет за Тебе.“ Тие се дим на ноздрите Мои – оган што гори секој ден.

6Пс 49,3; 79,12Ете, што е напишано пред лицето Мое: нема да премолчам, туку ќе от­платам, ќе отплатам во пазувата нивна,

73 Мојс 26,39-40; Ер 3,25; Ез 6,13за нивните беззаконија, вели Господ, и заедно со беззаконијата на татковците нивни, кои кадеа темјан по планините, и по ридовите Ме навредуваа, – ќе им од­мерам полна плата во пазувите нивни и за нивните поранешни дела.

84,3Вака вели Господ: „Како што во гроздот има сок, и велат не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ќе направам и за Моите слуги, и нема сите да ги погубам.

957,13; 60,21; Пс 68,35-36И ќе произведам од Јаков потомство, а од Јуда – наследник на Моите гори; и тоа ќе го наследат Моите избрани, та­му ќе живеат слугите Мои.

10Ос 2,15; Соф 2,6И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор – пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара.

1157,6А вас, кои Го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мене, –

1250,2; 66,4; Ер 7,13; Изреки 1,24вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав – и не одговаравте, говорев – не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по волјата Мо­ја.“

135 Мојс 28,47-48; Пс 21,26; Лк 6,20-26Затоа вака вели Господ Бог: „Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладува­те; слугите Мои ќе пијат, а вие ќе се из­мачувате од жед;

1466,5; Мт 25,34-41слугите Мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите Мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од ср­дечна жалост и ќе плачете од маката во вашиот дух.

1556,5; 62,2; 4 Мојс 5,21; Откр 2,17; 3,12И ќе им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; тебе ќе те убие Господ Бог, а слугите Свои ќе ги нарече со друго име,

16Ер 12,16; 2 Кор 1,20; Откр 3,14оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, – зашто по­ра­нешните жалости ќе бидат заборавени и сокриени од Моите очи.“

Божјите нови творби

17 43,18; 51,6; 66,22; 2 Птр 3,13; Откр 21,1 „Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема по­ве­ќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доа­ѓаат.

181,26; 60,14-15; Пс 91,4А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што Јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба, а народот негов – за радост.

1962,5; 66,10; Ер 32,41; Откр 21,4Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе во него глас од плачење и глас од пискот.

20Зах 8,4Таму веќе нема да има новороденче кое живее кратко, ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; тој што ќе умре на сто години ќе се смета за мом­че, а оној што ќе живее помалку од сто години ќе се смета за проколнат.

2162,8; 5 Мојс 28,30-33; Ер 29,5; 31,5; Ез 28,26; Амос 5,11; 9,14Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни.

22Мих 6,14-15; Соф 1,13Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои.

2344,3; 61,9; Фил 2,15-16Нема да се трудат напразно и да ра­ѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе благословено од Господ, и потомците нивни со нив.

2430,19; 58,9И пред тие да повикаат, Јас ќе од­го­ворам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам.

2511,6-9; 1 Мојс 3,14Волк и јагне ќе пасат заедно, а ла­вот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Мо­ја света гора“, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help