Левит 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Стапување на должност на Арон и на неговите синови

1 Ез 43,27 А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старе­шините израилски,

2па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.

3И на старешините израилски кажи им: земете козел за жртва за грев, и овен и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,

42 Мојс 32,6а и теле, и овен за принесување жртва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“

5Зедоа сѐ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред ски­нијата на собранието; се собра целиот народ, па застана пред Господ.

62 Мојс 16,7; 24,16Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“

7Евр 5,1; 7,27Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“

8Тогаш пристапи Арон до жртве­никот и закла теле за него, како жртва за грев,

9Ез 43,20и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крв­та и стави од неа на роговите од жртве­никот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот;

10лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртвени­кот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;

11месото, пак, и кожата ги изгоре надвор од логорот.

12Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;

13му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,

14а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.

15Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.

16И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.

17А принесе и лебен принос и ги на­полни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва сепаленица.

18Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и сино­вите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;

19му го дадоа и лојот од волот и опашката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,

20па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;

21градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

221 Мојс 48,20; 2 Мојс 39,43; 2 Цар 6,18; Лк 24,50Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа сле­зе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир.

232 Мојс 24,16; 3 Цар 8,10-11; 2 Лет 7,1-3А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе:

242 Мојс 19,18; Суд 6,21; 13,20; 3 Цар 18,39; 2 Мак 2,10и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help