Исус Навин 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Последните пораки на Исус

1 13,1; 21,44; 24,29 По многу време, откако Господ Бог го успокои Израил од сите околни непријатели, Исус остаре, дојде во поодмината возраст.

2И ги свика Исус сите синови Изра­илеви, старешините нивни, судиите нив­ни и управителите нивни, и им рече: „Јас остарев, дојдов во поодмината возраст.

35 Мојс 20,4Вие видовте сѐ што Господ, вашиот Бог, направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејќи Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас.

41,4; Пс 77,55Ете, ви ги поделив со ждрепка тие други народи во наследство на племињата ваши, сите народи што ги победив од Јордан до Големото Море, на запад.

52 Мојс 23,30; Ер 46,15; Пс 43,5Самиот Господ, вашиот Бог, ќе ги прогони од вас (додека не загинат; и ќе испрати против нив диви ѕверови, додека не ги истреби нив и нивните цареви пред вашите очи); ќе ги истреби пред вас, за да ја добиете во наследство нивната земја, како што Господ, вашиот Бог, ви говореше.

61,7; 5 Мојс 5,32; 7,1-6; 17,20Затоа трудете се ревносно да чувате и да исполнувате сѐ што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, не отста­пувајќи од него ниту надесно, ниту на­лево.

72 Мојс 25,13; Ер 5,7Не се зближувајте со народите што останаа меѓу вас, не ги спомнувајте ими­њата на нивните богови, не колнете се во нив, не служете им и не им се поклонувајте,

85 Мојс 10,20но приврзете се кон Господ, вашиот Бог, како што правевте до денес.

9Господ протера пред ваши очи големи и силни народи, и никој не се осмели да стане против вас до денес;

102 Мојс 14,14; 3 Мојс 26,8; 5 Мојс 3,22; 7,1-6; 32,30еден од вас гонеше пред себе илјада, бидејќи Самиот Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви говореше.

115 Мојс 4,15Затоа бидете многу внимателни и сакајте Го Господа, вашиот Бог.

122 Мојс 34,16; 5 Мојс 7,3Ако, пак, се вратите и се приклу­чите кон остатоците на тие народи, што останаа меѓу вас, и се сродите со нив, и одите кај нив, и тие кај вас,

134 Мојс 33,55знајте дека Господ, вашиот Бог, нема повеќе да ги прогонува од вас тие народи, туку ќе бидат за вас стапица и мрежа, камшик за ребрата ваши и трн за вашите очи, додека не бидете истре­бени од таа добра земја, што Господ, вашиот Бог, ви ја даде.

1421,45; 3 Цар 2,2Еве, јас сега заминувам на пат каде што целиот свет заминува. А вие познавте со сето свое срце и со сета своја душа дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги го­во­реше за вас Господ, вашиот Бог: сѐ се изврши на вас, ни еден збор не остана неисполнет.

1524,20; 3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,15-17Но како што се изврши на вас секој добар збор, што ви го кажуваше Гос­под, вашиот Бог, така Господ ќе го исполни над вас секој лош збор, додека не ве истреби од оваа добра земја, што ви ја даде Господ, вашиот Бог.

165 Мојс 4,25-26Ако го прекршите заветот на Гос­под, вашиот Бог, што Тој ви го заповеда, и отидете да им служите на други богови и да им се поклонувате, тогаш гневот Господов ќе пламне врз вас, и брзо ќе исчезнете од оваа добра земја, која Тој ви ја даде.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help