1 Дан 1,5 Заповеда да ја одведат таму, каде што се пазеле сребрените садови, нареди да ѝ даваат од неговата храна и од неговото вино.
2Дан 1,8Но Јудита рече: „Нема да јадам од оваа храна за да не биде на соблазна; нека ми даваат она што сум го донела со себеси.“
3Олоферн ѝ рече: „А кога ќе заврши она што е со тебе, од каде ќе земаме да ти даваме исто? Зашто, меѓу нас нема ниеден од твојот род.“
4Јудита му одговори: „Да ти е жива душата, господаре мој, робинката твоја нема да го потроши ова што е со мене, пред Господ да го изврши преку мојата рака она што го определил.“
5Тогаш Олоферновите слуги ја одведоа во шаторот. Спиеше таа до полноќ. Се разбуди пред утринската стража,
6Пс 62,6; Мудр 16,28па прати да му кажат на Олоферн: „Господарот мој нека ѝ дозволи на својата робинка да излезе на молитва.“
7Олоферн им нареди на своите стражари да не ѝ пречат. Остана во логорот три дена, а ноќе излегуваше во Ветилујската рамнина и се измиваше на изворот покрај шаторот.
8Кога излегуваше, Јудита Му се молеше на својот Господ, Бог Израилев да го управи нејзиниот пат кон спасение на синовите на својот народ.
92 Цар 3,35Таа се враќаше чиста во шаторот, а приквечер ѝ донесуваа храна.
Јудита на гозба кај Олоферн10 Ест 1,3 Четвртиот ден Олоферн приреди гозба само за своите великодостојници; не повика никого од оние што му служеа.
11Ест 1,11Тој му рече на евнухот Вагој, кој раководеше со сето богатство: „Појди и наговори ја Еврејката што е кај тебе да дојде да јаде и да пие со нас;
121 Мојс 38,23срамота е да имаме таква жена со нас, а да не поразговараме со неа; ако не ја поканиме ќе се подбива со нас.“
13Проп 9,7Откако излезе откај Олоферн, Вагој отиде кај неа и ѝ рече: „Млада убавице, не колебај се да дојдеш кај мојот господар да ја имаш честа пред неговото лице, да пиеш вино заедно со нас во веселба, денес да бидеш како една од асирските ќерки, кои живеат во палатата на Навуходоносор.“
14Јудита му одговори: „Која сум јас да му се противам на мојот господар? Веднаш ќе направам сѐ што посакува мојот господар; тоа ќе ми биде и утеха и радост сѐ до мојата смрт.“
15Рута 3,3; Ест 5,1; Амос 6,4Таа стана да се промени со сите женски накити. Слугинката нејзина отиде пред неа и ги посла ќилимите што ги беше добила од Вагој – пред Олоферн. Тие ѝ служеа за секојдневна употреба; да јаде потпрена на нив.
16Потоа дојде Јудита и седна на трпезата. Срцето на Олоферн по неа му се разбранува: силно посака да биде со неа; бараше случај и пригода да ја заведе.
17Олоферн ѝ рече на Јудита: „Пиј и весели се со нас!“
18А таа му одговори: „Ќе пијам, господаре, зашто животот мој денес се издигна повеќе отколку кога и да е од моето раѓање досега.“
19Па јадеше и пиеше пред него она што ѝ го беше приготвила нејзината слугинка.
202 Цар 13,28; Ис 28,7; Ос 7,5; Проп 10,19; 1 Мак 16,16А Олоферн ја гледаше со радост и пиеше извонредно многу, колку што не пиел никогаш во својот живот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.