Михеј 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Казна за злоупотреба на власта

1 Амос 6,1; Пс 35,4 Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ќе се зазори, зашто силата е во нивни раце!

2Ис 5,8; Амос 3,10Посакаат ли ниви – ги заземаат на­сила, куќи – и ги одземаат; и човекот го угнетуваат, и куќата негова, сто­па­нот и наследството негово.

3Ез 7,5.26; Амос 5,13Затоа вака вели Господ: „Еве Јас смислувам зло против тој род од кое не ќе можете да го извлечете вратот свој, па затоа и нема да одите испра­вени; зашто тоа време ќе биде лошо.

45 Мојс 28,30-33; Авак 2,6Во она време ќе се зборува за вас, ќе плачат многу и ќе велат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивите наши им се веќе раздадени на освојувачите.“

5Ис 34,17; Пс 15,5-6Затоа не ќе имаш никого што ќе фрли ждрепка во собранието пред Господ.

6Ис 30,10; Амос 2,12; 7,16Не пророкувајте – велат тие – не пророкувајте дека ќе нѐ постигне зло.

72 Мојс 34,6; Зах 11,8О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар Господ ја загубил трпеливо­ста? Зборовите Мои зар не се благо­тво­рни за оној, кој постапува спра­вед­ливо?

85 Мојс 24,12-13Но вие се кревате против Мојот на­род како непријатели и вие им ја грабате не само горната туку и долна­та облека на мирните луѓе, што и не помислуваат на војна.

94 Цар 4,1Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните мили домови; а од децата нивни ја одземате славата Мо­ја.

102 Мојс 22,26Станете и одете си, зашто тој крај не е земја за почивка; поради не­чи­стотија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел.

11Ис 28,7; Ер 5,31; Амос 7,12Ако некој ветрогон измислува ла­га и вели: „Ќе ти проповедам за вино и за пиење“, тој би бил добар за пророк на овој народ!

Надеж од Господ

12 Ис 4,3; Ер 3,18; Ез 37,15-28; Ос 1,10 Навистина ќе те соберам сиот, Ја­кове, навистина ќе ги соберам остатоците Израилеви; ќе ги соберам во едно како овците во трло, како стадо овци на пасиште – ќе изобилува со луѓе!

13Јн 10,4Пред нив ќе тргне уривач на ѕи­до­ви; тие ќе ги разбијат преградите, ќе влезат низ портите и ќе излезат низ нив, и царот нивни ќе тргне пред нив, и Господ – ќе биде на чело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help