3 Ездра 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Севишниот преку видение на пророкот му открива многу тајни

1„Но кога синот мој влезе во брачната одаја, тој падна и умре.

2Јов 2,11; Јн 11,19Ги превртивме сите ние светилни­ците, сите мои сограѓани почнаа да ме утешуваат, а јас почивав до ноќта идни­от ден.

3А кога сите престанаа да ме уте­шу­ваат за да ме остават на мир, јас станав ноќта, побегнав и дојдов, како што гле­даш во ова поле.

4Мислам веќе да не се враќам во гра­дот, туку да останам овде; да не јадам, да не пијам, туку непрестајно да плачам и да постам, сѐ додека не умрам.“

59,39Откако ги оставив моите размислувања, со кои бев зафатен, со гнев ѝ одговорив и реков:

6„О, најбезумна од сите жени! Не ја гледаш ли нашата жалост и ова што ни стана,

7Гал 4,26дека Сион, нашата мајка, прекумерно тагува, дека е крајно понижена и де­ка горко плаче?

8И сега, кога сме сите натажени и ко­га жалиме, зар ти ќе жалиш само за твојот син?

97,54; 8,2; 5,48Прашај ја земјата, и таа ќе ти одго­вори дека токму таа треба да го оплакува паѓањето на толку многу нејзини рожби,

10Мудр 7,1; 9,15зашто сите што се родени од неа уште од почетокот, и други што ќе дојдат, речиси сите загинуваат и толкумина од нив биваат предавани на истребување.

11И така, кој треба повеќе да жали, ако не онаа што загубила толку големо мноштво, а не ти, која жалиш само за еден?

121 Мојс 3,16; Јн 16,21Ако ми кажеш дека мојот плач не прилега на плачот на земјата, зашто јас го изгубив плодот на мојата утроба, што сум го носела со тага и што сум го родила со болки,

13а земјата загубува според своето својство – а сегашното мноштво на неа, како што си оди, така и доаѓа.

141 Мојс 3,16; Јн 16,21Но јас ќе ти кажам дека, како ти што си родила со мака, исто така, и земјата му го дава својот плод на човекот, кој ја обработува од почетокот.

15Затоа, воздржи се сега од твојата жалост и храбро поднеси ја загубата што те постигнала.

161 Цар 3,18; Ис 39,8Зашто, ако признаеш дека Божјата одлука е праведна, кога ќе дојде времето, ќе го добиеш сина си, и ќе бидеш прославена меѓу жените,

17и така, врати се во градот при својот маж.“

18Но таа рече: „Нема да направам та­ка, нема да се вратам во градот, туку овде ќе умрам.“

19Продолжувајќи да говорам со неа, јас ѝ реков:

20„Не прави го тоа, туку послушај го мојот совет. Зашто колку ли се не­вол­ји­те на Сион? Утеши се поради жалоста на Ерусалим.

212 Лет 36,19; Плач 2,7; 3 Езд 12,48Оти гледаш дека нашето све­ти­лиш­те е запустено, дека олтарот наш е ур­нат и храмот е разрушен;

22Ис 24,8; 1 Мак 1,21; Плач 5,11; Плач 5,13псалтирот наш е понижен, песните молкнаа, радоста исчезна, светлината на светилникот изгасна, ковчегот на на­ши­от завет е разграбен. Светињата на­ша е осквернета, а името што ни е дадено – речиси е поругано, нашите деца пре­трпеа срам, свештениците наши се избиени, левитите наши – во плен се од­ведени, девојките наши се обесчестени, жените наши претрпеа насилство, праведниците наши се одвлечени, децата ни загинаа, младичите наши се во ропство, а јунаците наши изнемогнаа;

23Ер 22,24; Агеј 2,23; Пс 43,10; 105,41а она што е најтешко, знамето на Сион ја загуби својата слава, зашто им е предадено во рацете на оние што нѐ мразат.

24Затоа остави ја твојата голема тага, одложи ги твоите многу жалости, за да се смилува Севишниот над тебе; Севиш­ниот ќе те успокои и маките ќе ти ги олесни.“

25Кога ѝ ги упатив тие зборови, по­гледот нејзин одеднаш светна и, ете, из­гледот нејзин стана болскав, така што јас се исплашив од неа, и помислив што треба да значи тоа.

26И одеднаш извика толку страшно, така што од тоа нејзино викање земјата се заниша.

2710,42; Откр 21,10.14И јас видов: ете, жената веќе не ми се јавуваше, туку се градеше град; не­го­вото место се обележуваше на широки основи и јас, исплашен, високо извикав и реков:

284,1„Каде е ангелот Уриил, кој во по­че­токот доаѓаше при мене? Зошто тој ме доведе до ваква избезуменост, во која целта на мојот стремеж се загуби и молитвата моја се претвори во зло­сло­вие?“

Уриил го толкува видението

29 Дан 9,20.21 Кога го говорев ова, тој дојде при ме­не,

30Откр 1,17; 5,14; Дан 8,17.18; 5,15ме виде, и, ете, јас лежев како мртов и во несвест; ме фати за десната рака, ме поткрепи и, откако ме исправи на нозе, ми рече:

31„Што ти е? Зошто разумот и чувствата на твоето срце се смутени? Од што се возбудуваш?“

329,24Јас му одговорив и му реков: „Ти ме остави; постапувајќи по твоите зборови, излегов во полето и, ете, видов и уште го гледам она што не можам да го сфатам.“

336,13Тој ми рече: „Стој храбро, јас ќе ти објаснам.“

34Јас му реков: „Говори ми, Гос­по­да­ре мој; само не оставај ме залудно да умрам;

35бидејќи го видов она што не го зна­ев и го чув она што не ми беше познато.

36Сир 34,2Дали моето чувство ме мами или душата моја блада во сон?

37Затоа, ти се молам, да ми ја објасниш мене, на твојот слуга, оваа моја из­безуменост.“ – Одговарајќи ми, тој рече:

3812,36„Слушај ме, јас ќе те научам и ќе ти го објаснам тоа што те исплаши: зашто Севишниот ќе ти открие многу тајни.

396,32Тој го гледа твојот прав пат, гледа дека непрестајно жалиш за народот и дека силно тажиш за Сион.

40Ова значи видението што ти се јави пред малку:

419,38жената што ја виде дека плаче, а ти се мачеше да ја утешиш,

4210,27таа која отпосле стана невидлива, а тебе ти се јави град кој се ѕидаше –

43и што ти раскажа за смртта на сина си, еве што значи:

449,38; 10,27жената што ја виде – тоа е Сион. А она што ти рече таа – која ја виде како град – туку што почнал да се ѕида,

459,43дека таа триесет години била не­плодна, со тоа се покажа оти во текот на триесет години не била принесувана жртва во Сион.

463 Цар 8,62; 2 Лет 7,4По триесет години неплодната ро­дила син; тоа беше тогаш кога Соломон го изѕида градот и принесе жртва.

47А она што ти рече дека со труд го отхранила, тоа беше животот во Ерусалим.

4810,1А она што ти рече, дека нејзиниот син, кога влегол во брачната одаја, паднал и умрел, тоа е паѓањето на Еру­са­лим.

49И ете, ти ја виде споредбата со неа: како таа жалеше за својот син, а ти настојуваше да ја утешиш за она што станало: ова требаше да ти се објасни,

50Ис 54,11А сега, Севишниот, гледајќи те де­ка жалиш со душа и со срце за него, Тој ти ја покажа светлината на неговата слава и неговата убавина.

5110,32; 9,24Токму затоа ти заповедав да жи­ве­еш во полето, каде што не е положена основа за зграда.

52Јас знаев дека Севишниот ќе ти го покаже ова;

5310,32; 9,24да дојдеш во полето, каде што не е положена основа за зграда.

54Зашто не можеше да постои основа за човечка градба, таму каде што поч­нуваше да се покажува градот на Севишниот.

55Пс 47,12.13Па така, не плаши се, да не се пла­ши твоето срце, но влези и види ги болскотот и убавината на градбата, колку што можат твоите очи да гледаат.

56Потоа ќе чуеш колку што можат твоите уши да слушаат.

5712,7Ти си поблажен од многумина и, како малкумина, си повикан при Севишниот.

58Утре преку ноќта остани тука,

597,44и Севишниот ќе ти покаже видение на најголеми дела, кои Тој ќе ги изврши во последните дни за жителите на земјата.“

60И спиев преку таа ноќ и преку идната како што ми заповеда тој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help