Јудита 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Навуходоносор и Арфаксад

1 4 Цар 24,1; 19,36; Јона 1,2; Тов 1,3.10 Беше дванаесеттата година од ца­рувањето на Навуходоносор, кој ца­руваше над Асирците, во големиот град Ниневија. Во тие денови Арфаксад ца­руваше над Мидијците во Екбатана.

21 Езд 6,2Тој изгради околу Екбатана ѕидови од делкани камења, седумнаесет лакти во висина и петнаесет лакти во широ­чи­на.

3Над вратите изгради кули високи сто лакти, кои во основата беа до шеес­ет лакти широки;

4а портата ја беше направил седумдесет лакти висока и четириесет лакти широка за да може низ неа да излезе го­лема војска со широки редови пешадија.

5Тов 4,1; 5,6Во тоа време царот Навуходоносор почна војна со царот Арфаксад во голе­мата рамнина, која се наоѓаше во преде­лите на Рагав.

61 Мојс 10,22; 14,1Кај него се собраа сите што живееја во планинските места, сите што живееја покрај бреговите на реките Еуфрат, Тигар и Хидаспис, како и жителите од рамнината Ариох царот на Елимејците; се собраа многу народи во одбраната на Хелеудовите синови.

7Навуходоносор, царот на Асирците, им испрати порака на сите жители во Персија, на сите оние што живееја на запад, до оние во Киликија и Дамаск, Леванон и Антилибан, до сите што жи­вееја на морскиот брег,

8и меѓу народите на Кармил и Гилад, во Горна Галилеја и во широката рам­ни­на Ездрелон,

9до сите кои живееја во Самарија и во нејзините градови, од другата страна на реката Јордан па сѐ до Ерусалим, до Ватана и Хелус, до Кадеш и египетската река, до Тафнес и Рамзес и по целата Гешемска земја,

10до влезот на Танис и Мемфис, до сите жители на Египет и сѐ до гра­ни­ци­те на Етиопија.

111 Цар 25,11Но жителите на сите тие земји ја пренебрегнаа пораката на асирскиот цар Навуходоносор и не дојдоа кај него за да војуваат за него, зашто не се пла­шеа од него; тој за нив беше обичен чо­век; тие ги вратија неговите пратеници, не укажувајќи им почести.

12Дан 2,12; 3,13; 1 Мак 3,27Затоа Навуходоносор многу се раз­гневи на сите тие земји и се заколна во својот престол и во царството дека ќе им се одмазди на сите области во Кили­кија, Дамаск и Сирија, дека ќе ги погуби сите жители во земјата Моав, сите жители на Амон, цела Јудеја и сите кои живеат во Египет – сѐ до двете мориња.

Војната против Арфаксад

13Во седумнаесеттата година тој ста­на со својата војска против царот Ар­факсад, го победи во борбата, му ја рас­прсна сета негова војска, коњицата и сите коли;

141 Мак 1,40; 2,12ги презеде неговите градови, допре сѐ до Екбатана, ги зазеде неговите твр­ди­ни, ги опустоши улиците на градот и неговата убавина ја направи за подбив.

15Потоа го фати Арфаксад во Рагав­ските гори, го прободе со копје, и го уништи еднаш засекогаш.

16Ест 1,3-4Потоа се врати во Ниневија со сета своја војска, со големо множество вој­ници на неговите сојузници. Таму, тој и сета негова војска, почиваа и празнуваа сто и дваесет дена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help