Даниил 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Даниил го толкува сонот на Навуходоносор

1 4,6; 6,19; 1 Мојс 41,8; 2 Мојс 7,11; Ис 19,3; 44,25; Ер 27,9 Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се вознемири и не можеше да спие.

2Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, маѓесниците и волшебниците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот.

3И им рече царот: „Сонив сон и духот ми се вознемири – сакам да знам што значи тој сон.“

41 Езд 4,7; Неем 2,3Тогаш Халдејците му рекоа на ца­рот на арамејски јазик: „Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ќе ти објасниме што значи тој.“

53,29; 1 Езд 6,11Одговори царот и им рече на Хал­дејците: „Сонот го заборавив; ако не ми го кажете сонот и што означува тој, ќе бидете исечени на парчиња, и куќите ваши ќе биде претворени во урнатини;

65,7.16ако, пак, ми го кажете сонот и што означува тој, од мене ќе добиете дарови, награда и голема чест; па кажете ми го сонот и што значи тој!“

7Тие повторно одговорија и рекоа: „Царот нека им го каже на слугите својот сон и ние ќе објасниме што значи тој.“

8Одговори царот и рече: „Гледам де­ка вие сакате да добиете во време, заш­то гледате дека мојата одлука е неотпо­виклива.

9Ест 4,11Бидејќи не ми го кажувате сонот, вие секако имате некоја намера: се гот­вите да ми кажете лага и измама, додека мине времето; но кажете ми го сонот и тогаш ќе знам дека вие можете да ми објасните и што значи тој.“

105,8Халдејците му одговорија на царот и рекоа: „На земјата нема човек што може да му го открие на царот сонот, и затоа ниеден цар, колку и да е голем и силен, не побарал нешто слично од ни­еден маѓесник, гледач или волшебник;

111 Мојс 41,38сонот, што го бара царот, е толку тежок, што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците.“

123,13.19Царот се разгневи и збесна многу поради тој одговор, па заповеда да ги истребат сите вавилонски советници.

13Кога излезе таа заповед да се убиваат советниците, го побараа Даниил и другарите негови за да ги убијат.

14Тогаш Даниил се обрати со претпазливост и мудрост кон Ариох, начал­ни­кот на царските телохранители, кој бе­ше излезен да ги убива вавилонските советници,

15и го праша Ариох: „Зошто таква страшна заповед од царот?“ Тогаш Ариох му ја објасни на Даниил целата случка.

16Даниил појде кај царот и измоли да му даде време за да му го каже на царот толкувањето на сонот.

171,6Даниил отиде дома и им ја кажа ра­бо­тата на своите другари Ананија, Мисаил и Азарија,

182,37; 1 Мојс 24,7; Јудита 5,8за да измолат милост од Небесниот Бог за таа тајна, па Даниил и другарите негови да не загинат заедно со другите вавилонски советници.

197,7; 1 Мојс 46,2И тогаш тајната му беше откриена на Даниил во ноќно видение, и Даниил Го благослови Небесниот Бог.

20И рече тогаш Даниил: „Нека е бла­гословено името на Господ од века и до­века, зашто во Него има мудрост и си­ла.

217,12; Дела 1,7; 1 Сол 5,1Тој ги контролира времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни.

22Пс 138,11; Јов 12,22; 1 Тим 6,16Тој открива што е длабоко и со­кри­ено, знае што има во темнината и свет­лината живее со Него.

231,17; 1 Мојс 31,5; 2 Мојс 3,15Те прославувам и величам, Боже на татковците мои, затоа што ми даде муд­рост и сила и ми го откри она, за што Те молевме; зашто Ти ни го откри со­нот на царот.“

24Потоа Даниил отиде кај Ариох, кому царот му беше заповедал да ги убие ва­ви­лонските советници, влезе и му рече: „Не убивајте ги вавилонските советници; одведи ме кај царот и јас ќе му от­кријам што значи сонот.“

25Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниил кај царот и му рече: „Меѓу заробе­ни­те синови на Јуда најдов човек кој мо­же да му открие на царот што значи со­нот.“

261,7Царот му рече на Даниил, кој беше преименуван во Валтазар: „Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што значи тој?“

271 Мојс 41,8Даниил му одговори на царот и рече: „Тајната за која царот прашува не мо­жат да му ја откријат на царот ни муд­реците, ни маѓесниците, ни јасновидци­те, ни гледачите.

281 Мојс 40,3; Ер 10,7; Ез 28,3; Амос 4,13; Пс 4,3; Откр 1,1Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Тој ќе му открие на царот Навуходоносор сѐ што ќе се збидне во последните денови.

291 Мојс 41,25Ти царе, на леглото свое размислуваше за она што ќе се случи во иднина, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ќе се случи.

30Ис 45,3; Амос 4,13А мене таа тајна ми се откри не за­тоа што сум помудар од сите живи, ту­ку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги разбереш мислите што ти дојдоа во срцето.

31Твоето видение, царе, беше вакво; ете, некаков си голем, огромен лик, сто­е­ше пред тебе во голема светлина, и из­гледот му беше страшен.

32Главата на тој лик му беше од чис­то злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.

33Потколениците железни, а нозете делумно железни, делумно глинени.

348,25; Ис 60,12; Зах 4,7; Пс 2,9; Јов 34,24Додека го гледаше, еден камен се откачи од планината сам, удри во идо­лот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши.

35Пс 1,4Тогаш заедно сѐ се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не ос­тана, а каменот што го разби идолот стана голема планина и ја исполни це­лата земја.

36Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.

37Ер 27,7; 1 Езд 7,12Ти царе, цар над царевите, кому не­бесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,

38Ер 27,6; Јудита 11,7и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.

39По тебе ќе се крене друго царство, послабо од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.

407,17; 8,5.21; 11,3А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; зашто како што железото троши и дроби сѐ, така и тоа ќе дроби и ќе уништува.

41А тоа што си ги видел – нозете и прстите на нозете направени делумно од грнчарска глина и делумно од желе­зо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел желе­зо, измешано со грнчарска глина.

42И како што прстите на нозете беа делумно од железо, а делумно од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.

43А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа зна­чи дека царевите на тоа царство ќе се обидат да се соединат преку мешани бракови меѓу себе, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не се меша со глината.

447,14; Лк 1,33; 1 Кор 15,24-28И во деновите на тие царства не­бес­ниот Бог ќе подигне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите цар­ства, а само тоа ќе остане вечно.

451 Мојс 41,25; Ис 28,16; Откр 22,6Како што виде еден камен сам пад­на од планината и го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великиот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи во иднина. И верен е тој сон и точно е неговото тол­кување!“

46Дела 14,13.18Тогаш царот Навуходоносор падна ничкум и се поклони пред Даниил, па за­поведа да му донесат дарови и благопријатни кадива;

4711,36; 5 Мојс 10,17; 1 Кор 14,25; 1 Тим 6,15и му рече царот на Даниил: „Навис­тина вашиот Бог е Бог над боговите и Господар на царевите, Кој открива тај­ни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна!“

481,20; Ест 8,2Тогаш царот го возвиши Даниил, му даде многу големи дарови и го постави над целата област вавилонска, како гла­вен началник над сите вавилонски со­ветници.

491,7; 3,30На молба на Даниил, царот ги пос­та­ви Седрах, Мисах и Авденаго над ра­бо­тите од земјата вавилонска, а Даниил ос­тана во царскиот двор.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help