Авакум Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведКнигата на пророкот Авакум говори за настани од крајот на седмиот век пр. Христос, кога Вавилон бил доминантна империја. Авакум бил потресен од безочната суровост на Вавилонците и Го прашува Господа, зошто не реагира на ваквите неправди? Господ му одговара дека Тој тоа ќе го стори кога за тоа ќе дојде време, а дотогаш, праведните ќе живеат преку вера (2,4).Првите две глави го опишуваат разговорот меѓу Авакум и Господ. Авакум се жали на неправдите и насилствата по цела Јудеја, а Господ му одговара дека тоа им е казна на Јудејците. Авакум понатаму вели дека тоа не е праведно, бидејќи Вавилонците се погрешни од Јудејците. Господ му одговара дека и Вавилонците ќе бидат казнети за своите грешни постапки, кога ќе дојде времето за суд над нив.Третата и последна глава ја содржи молитвата на Авакум, во која тој ја слави Божјата сила и слава.Во тешки времиња корисно е да се чита книгата на пророкот Авакум, за да се увериме дека Бог води сметка за сѐ.