1 Дела 15,14; Рим 1,17; Тит 2,13 Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам.
2Фил 3,8-10; Кол 2,6; 1 Птр 1,2; Јуда 1,2Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
Божјиот позив и избор3 Јн 1,14; Ефес 3,16-19; 1 Птр 2,9 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4Јн 1,12; Дела 17,28; 2 Кор 3,18преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;
5затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6Гал 5,22-23кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,
7кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
102 Сол 1,11; 1 Јн 3,6Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
11Лк 1,33бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Верност кон апостолското и пророчко слово12 1 Јн 2,21; Јуда 1,5 Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина.
13Ис 38,12; Мудр 9,15А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,
14Јн 21,18-19; 2 Кор 5,1бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.
15А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.
16Лк 9,31-32; Јн 1,14; 1 Кор 15,23Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17Мт 17,5; Мк 9,2-8Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“
18И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора.
19Лк 1,7-8; Откр 2,28А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
202 Тим 3,16; 1 Птр 1,11Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21Дела 3,21Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.