1„Ете, сето тоа окото мое го виде, увото мое го чу и го разбра.
212,3Колку што знаете вие, знам и јас; не сум подолу од вас.
313,13Но јас кон Седржителот би сакал да говорам, би сакал со Бога да се соочам.
4Ез 13,10; 22,28Зашто вие сте ковачи на лаги; сите вие сте бесполезни лечители.
5Изреки 17,28Кога би знаеле да молчите, би било тоа ваша најголема мудрост.
6Ислушајте го мојот приговор и проникнете во жалбите на усните мои.
742,7Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага?
8Требаше ли да бидете пристрасни кон Него и за Бога така да се препирате?
9Гал 6,7Добро ли ќе биде, Тој да ве испитува? Ќе Го измамите ли како што се измамува човек?
10Мт 3,8; Дела 5,3-4Тој строго ќе ве казни, иако скришно лицемерите.
11Ис 6,1-5; Ер 10,10; Пс 118,120Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема?
12Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда.
137,11; 9,35; 23,4.7Молкнете пред мене, а јас ќе говорам, што и да ме снајде.
14Суд 12,3; 1 Цар 19,5; 28,21Зар јас самиот да си го раскинувам со забите телото свое? И душата своја да си ја ставам в рака?
15Тој нека ме убие, немам што повеќе да загубам; само сакам однесувањето мое пред лицето Негово да го оправдам.
161 Мојс 3,8И тоа ми е веќе за спасение, бидејќи безбожник нема да се јави пред лицето Негово.
17Ислушајте ги внимателно зборовите мои и објасненијата мои со ушите ваши.
189,3.32Ете, започнав судска постапка; знам дека ќе бидам прав.
19Ис 1,18; 50,8Кој има сила да ме надвие? Потоа ќе молкнам и ќе го испуштам духот.
20Само две работи направи за мене, и тогаш јас нема да се кријам од Твоето лице;
219,34; 22,10; 33,7тргни ја од мене раката Своја, и Твојот ужас да не ме потресува.
22Тогаш прашувај ме, и јас ќе одговарам; или јас да прашувам, а Ти да одговараш.
236,24; 10,2Колку се пороците и гревовите мои? Покажи ми го беззаконието мое и гревот мој.
24Пс 4,6; 43,23; 87,15Зошто го криеш сега лицето Свое од мене и ме сметаш за Твој непријател?
25Пс 82,13Зошто со страв го мачиш од ветрот скинатиот лист, зошто ја гониш сувата сламка?
26Пс 24,7Зошто пишуваш против мене горчливи пресуди и ми ги сметаш гревовите на младоста моја,
27ги тураш во клада нозете мои и ги демнеш сите мои патишта, – ги испитуваш трагите на нозете мои?
28Ис 50,9; Пс 38,11; 101,27А животот мој како изгниено дрво се распаѓа, како облека од молци изедена.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
