1 Ер 48,7; 49,3; 50,2 Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и товарните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни.
2Ер 43,12Се навалија, паднаа одеднаш; не можеа да ги спасат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство.
344,2.24; 63,9; 2 Мојс 19,4; 5 Мојс 1,31; Амос 5,15; Пс 21,10Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држам од раѓањето;
4Пс 71и до вашата старост Јас ќе бидам истиот, до вашите бели коси ќе ве носам; Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве пазам.
540,18.25; 44,7; Плач 2,13Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене?
640,20; 44,15.17Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се поклонуваат и ничкум паѓаат пред него;
745,20; 3 Цар 18,27; Пс 114,6; Мудр 13,15-16; Посл 1,25го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрднува; му викаат, – тој не одговара, од неволја не спасува.
844,21Спомнете си го тоа и бидете луѓе; земете го тоа при срце, отстапници.
Само Господ е Бог9 45,21; Сир 36,4 Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене.
1041,22.26-27; 44,28; 45,21; Пс 32,11; Јов 23,13; Сир 48,25; Ефес 1,11Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно – ќе го направам.“
1141,2; 45,13; 1 Мојс 41,32Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата волја. Јас реков – и ќе го извршам тоа; замислив – и ќе го направам.
12Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата:
1351,5; 56,1; Јоил 3,4; Авд 1,17; Пс 84,9; Лк 2,32Ја приближив Мојата правда – таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ќе му дадам на Сион спасение, на Израил – Својата слава.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
