1 Ездра 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Повторно започнување на работите околу обновувањето на храмот

1 Агеј 1,14–2,9; Зах 4,9 Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Еру­салим во името на Бог Израилев.

22,2; Агеј 1,14; Зах 4,6-10; 1 Лет 3,19Тогаш Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоцадак, почнаа да го градат Божјиот дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа.

36,6Во тоа време дојдоа кај нив Татенај, управител од оваа страна на Реката, и Ситар-Бознај, со своите соработници, и им рекоа вака: „Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?“

4Потоа ги прашаа: „Кои се имињата на луѓето што ја градат таа зграда?“

5Ис 66,14; Пс 32,18Но окото на нивниот Бог беше врз старешините јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дариј, и додека не дојде писмено решение за таа работа.

Јудејците обвинети пред царот Дариј

6Еве ја содржината на писмото што го испратија Татенај, управител на областа зад Реката, и Ситар-Бознај со своите соработници – Афарсехајци, од онаа страна на Реката, до царот Дариј.

7Во соопштението што го испратија до него, еве што беше напишано: „До царот Дариј – секаков мир!

86,4Да знаеш, царе, дека ние бевме во ерусалимската област во домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрва; таа работа напредува брзо и успешно во рацете нивни.

94,12Тогаш ги прашавме нивните старе­шини и им рековме вака: ‚Кој ви дозво­ли да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘

10Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.

113 Цар 6,1; 2 Лет 3,1-2Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и на земјата и градиме дом што беше изгра­ден многу години пред тоа, – а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.

124 Цар 25,8-21А кога татковците наши Го разгне­вија Бога небесен, Тој ги предаде во раката на Навуходоносор, царот вави­лонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.

131,2-4Но во првата година од владеењето на Кир, царот на Вавилон, Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;

14Дан 5,2.23уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Сасавасар, управникот на ризницата,

15и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.

16Тогаш оној Сасавасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘

17И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот во царските архи­ви, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека испратат одговор за волјата на царот околу тоа.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help