Изреки 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 16,11; 20,10; 3 Мојс 19,35-36 Неисправните мерила се одвратни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни.

216,18; 18,12; 29,23Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените.

311,6; 13,6Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби.

410,2; Ез 7,19; Соф 1,18Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт.

53,6; 5,22Правдата на непорочниот го израмнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност.

613,6; Пс 7,14-15Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уловени од своето беззаконие.

710,28; Мудр 3,18Со смртта на нечестивиот човек, ис­чезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува.

821,18Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот.

916,29Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење.

1029,2.16; Сир 9,17–10,5Кога праведниците живеат во бла­госостојба, градот се радува, а кога загинуваат безбожниците, настанува веселба.

1114,34; 28,12.28Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на не­честивите се разрушува.

1214,21Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот човек молчи.

1320,19; 3 Мојс 19,16; Сир 19,7-12; 27,16-21Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.

1415,22; 20,18; 24,6Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници живее во благосостојба.

156,1-5; 17,18; 27,13; Сир 29,14-20Кој се застапува за друг, зло си до­несува, а кој го мрази давањето гаранција, тој е во безопасност.

1612,24.27; 27,23-24; Сир 26,13-16; 36,22-27Добрата жена спечалува слава, а работливиот човек се здобива со богатство.

1711,29; 15,27Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое.

1815,6; Ос 10,12; Јк 3,18Безбожникот врши измамлива ра­бо­та, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска.

1910,16; 12,28; Рим 6,23Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја.

2012,22; 15,9; 17,22Подмолните по срце се одвратни пред Господ, а непорочните во својот пат Нему Му се благоугодни.

2116,5Можеш со сигурност да речеш дека порочниот нема да остане неказнет, а семето на праведните ќе се спаси.

2214,1Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.

2310,24.28Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев.

2410,22Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав.

253,9-10; 2 Кор 9,6Добротворната душа ќе биде на­си­тена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.

261 Мојс 42,6Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава – врз главата негова стои благослов.

2716,4Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа.

2814,11; Мк 10,23-25Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат.

2915,27Кој ја запустува куќата своја, ќе наследи ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот.

3017,6Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човечки души.

3116,2; 20,27; 1 Птр 4,18Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешниот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help