Исход 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Почит кон слабите

1 20,16; 3 Мојс 19,16; 5 Мојс 5,20; 19,16-21; Пс 26,12; 34,11; Изреки 19,5; Мт 19,18 „Не примај лажни изјави; не мешај се со безбожник, та да би­деш сведок на насилство.

23 Мојс 19,15; 5 Мојс 1,16-17; 16,18-20; 24,17; 27,19; 1 Цар 8,3Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не согласувај се со мно­зинството против правдата.

35 Мојс 1,17Кон сиромавиот не биди пристрасен кога води спор.

45 Мојс 22,1-4; Рим 12,20Ако сретнеш вол на непријателот, или негово магаре заскитано, одведи го кај него.

55 Мојс 22,4Ако видиш дека на твојот непријател му паднало магарето под неговиот товар, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него.

65 Мојс 1,17; 16,19; Изреки 22,22Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој кога води судски спор.

720,16; 34,7; 1 Мојс 18,23; 5 Мојс 19,18; 25,1; Мт 27,4; Ефес 4,25Бегај од неправдата и не убивај невин и праведен, бидејќи Јас нема да го оправдам беззаконикот.

85 Мојс 10,17; 27,25; 1 Цар 8,3; Ис 1,23; 5,23; Мих 3,11; 7,3; Пс 14,5; Јов 15,34; 36,18; Изреки 6,35; 15,27Не примај мито, зашто митото ги заслепува очите на оние што гледаат и ги извртува делата на праведните.

922,20; 3 Мојс 19,33-34Туѓинец не притеснувај; вие знаете каква му е душата на туѓинецот, бидеј­ќи и самите бевте туѓинци во земјата египетска.

Година за одмор и ден за одмор

10 3 Мојс 25,2-7 Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини,

113 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 24,19а седмата – остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ќе остане по нив, нека се хранат полските ѕверови; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој.

1220,8-9; 34,21; Лк 13,14Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и магарето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот.

135 Мојс 4,23; 12,3; Ис.Н. 23,7; Пс 15,4Пазете го сето она, што ви го ка­жав. Не спомнувајте ги имињата на ту­ѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

Трите годишни празници

14 34,18-23; 5 Мојс 16,15; 3 Цар 9,25; 2 Лет 8,13 Трипати годишно прославувај Ме со празник:

1512,17; 13,4; 3 Мојс 23; 5 Мојс 16,1-16; Мт 26,17; Лк 22,1; Дела 12,3пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното време во месецот авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен;

1634,22; 3 Мојс 23,15-21.39; 4 Мојс 28,26; 5 Мојс 16,9; 2 Лет 8,13и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на берењето плодови на крајот од секоја година кога го собираш родот од твоите ниви.

17Трипати годишно сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господ, твојот Бог.

1812,8; 34,25Крвта од жртвата Моја да не се излива врз квасен леб, и од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина.

1922,28; 34,26; 4 Мојс 18,12; 5 Мојс 14,21; 26,1-11Првите плодови од земјата твоја принесувај ги во домот на Господ, твојот Бог. Немој да вариш јаре во млеко од неговата мајка.

Ветување и упатства пред заминувањето

20 14,19; 15,17; 33,2; 1 Мојс 16,7; Мал 3,1 Еве, Јас праќам пред тебе ангел Мој, за да те чува по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја при­готвил.

213,15; 5 Мојс 9,7; 18,9; Ер 13,15Почитувај го и слушај го неговиот глас; и не противи му се, зашто и тој нема да ви го прости гревот, бидејќи името Мое е во него.

2215,26; 1 Мојс 12,3; Ис 41,11; Ер 30,20(Ако го слушаш Мојот глас и ис­полнуваш сѐ што ќе ти заповедам, и ако го чуваш Мојот завет, вие ќе ми бидете Мој избран народ меѓу сите племиња, зашто целата земја е Моја; вие ќе би­дете царско свештенство и свет народ. Овие зборови да им ги кажеш на Изра­илевите синови.) Ако го послушаш гла­сот негов, и ако го извршуваш сѐ она што ќе ти речам, ќе им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои.

234 Мојс 13,30; 5 Мојс 7,1-5; Ис.Н. 3,10; 24,8.11; 1 Езд 9,1Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, (Гергесејци­те), Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам (од пред вашето лице):

2420,5.23; 34,13; 3 Мојс 18,3; 26,1; 4 Мојс 33,52; 5 Мојс 7,5; 12,3.30-31; 16,22; Суд 2,2; 3 Цар 14,23; 4 Цар 3,2; 17,10; 18,4; 23,14; Ис 27,9; 2 Лет 14,3немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги.

2515,26; 3 Мојс 26,3-13; 5 Мојс 7,12-15; 28,1-14; Мт 4,10Служете Му на Господ, вашиот Бог, и Тој ќе го благослови лебот твој, и водата твоја; и ќе те чувам од секаква болест.

261 Мојс 15,15; 3 Мојс 26,9; 5 Мојс 4,1.40; 7,14; 28,1-14; 30,9Жени што пометнуваат и жени без­детни нема да има во земјата твоја; и ќе направам бројот на деновите твои да биде полн.

2715,14; 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 7,23; 2 Цар 22,41; Пс 17,40; 20,13И ќе го пуштам ужасот Мој пред тебе, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои.

2833,2; 34,11.24; 5 Мојс 4,38; 7,20-23; 11,23; 18,12; Ис.Н. 3,10; 24,11-12; Пс 77,55Ќе пратам пред тебе и стршени, и ќе ги изгонат Аморејците, Евејците, Јевусијците, Хананците и Хитијците.

297,22Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе.

305 Мојс 7,22; Ис.Н. 23,5; Суд 2,6Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата.

315 Мојс 7,24; 9,3; 11,24; 34,2-3; Ис.Н. 21,44; 24,12.18; Пс 78,6И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното Море до Филистејското Море, и од пустината до (големата река Еуфрат), и ќе ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, и ќе ги истераш пред тебе.

3234,12; 5 Мојс 7,2; Ис.Н. 9,7; Суд 2,2Не мешај се со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет.

33Суд 2,3; Пс 105,34-40Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нив­ни, тоа ќе биде за тебе стапица.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help