1 40,12-15; Сир 45,15-17; Евр 7,26-28 „А еве што да направиш над нив, за да ги посветиш за Мои свештеници: земи теле од говедата и два овна здрави,
23 Мојс 2,1.4; 24; 4 Мојс 6,15и бесквасни лебови, бесквасни погачки замесени со масло, и питки бесквасни намачкани со масло; од пченично бело брашно направи ги.
3Стави ги во една кошница, и принеси ги со кошницата, заедно со телето и двата овна.
440,12-15; Евр 10,22Доведи го Арон и синовите негови пред влезот на скинијата, и измиј ги со вода.
528,8А откако ќе ги земеш одеждите, облечи го Арон, во хитон и во наметка, во ефод и во наградник и опаши го преку ефодот;
628,36.38; 39,30; Зах 3,5стави му го на глава кидарот, а на кидарот прицврсти го венецот на светоста.
730,22-23.30; 37,29; 1 Цар 10,1И земи масло за помазание, излеј на главата негова и помажи го.
828,4Потоа доведи ги синовите негови и облечи ги во хитоните.
928,40; 40,15; 4 Мојс 3,10; 5 Мојс 18,5И опаши ги со појаси, Арон и неговите синови, и стави им ги превивките на главата, па свештенството нека им припаѓа вечно. Така ќе ги посветиш рацете на Арон и на неговите синови.
103 Мојс 1,4; 4,15; 4 Мојс 8,12Потоа доведи го телето пред вратата на скинијата, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на телето.
113 Мојс 1,5.11; 4,24И заколи го телето пред Господ, пред влезот во скинијата,
1227,2; 3 Мојс 1,5-9; 4,7и земи крв од телето и со твојот прст помажи ги роговите на жртвеникот, а остатокот од крвта, сета излиј ја во подножјето на жртвеникот.
133 Мојс 1,8; 9,10Потоа земи го сиот лој што ја обвива внатрешноста, кошулката на црниот дроб и обата бубрега со лојот околу нив, и запали ги на жртвеникот.
143 Мојс 4,12.21А месото од телето, кожата негова и нечистотиите изгори ги на оган надвор од логорот. Тоа е жртва за грев.
153 Мојс 3,2; 2 Лет 29,23Потоа земи го едниот овен, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на овенот;
1624,6па заколи го овенот, земи крв од него и со неа полиј го жртвеникот од сите страни;
173 Мојс 1,9.13овенот, пак, исечи го на делови, измиј ја внатрешноста и нозете негови, и стави ги врз расечените делови со главата,
181 Мојс 8,21; 2 Кор 2,15; Ефес 5,2; Фил 4,18и изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва сепаленица пред Господ, мирис благопријатен, жртва на Господ.
1929,10Земи го потоа и другиот овен, та Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои на главата на овенот;
203 Мојс 1,5.11; 14,14.25заколи го овенот и земи од неговата крв, па помажи го со неа крајчето од десното уво на Арон, и крајчето од десното уво на неговите синови, а и палецот на десната рака нивна, и палецот од десната нога нивна; а со крвта, што ќе преостане, попрскај го жртвеникот од сите страни.
21Евр 9,22Потоа земи од крвта, што е на жртвеникот и масло за помазание, и попрскај го Арон и одеждите негови, и синовите негови и одеждите нивни – па ќе бидат осветени тој и одеждите негови, и синовите негови и одеждите на синовите негови со него.
22Освен тоа, земи лој од овенот и опашката негова, и лојот што ја обвива внатрешноста негова, како и кошулката од црниот дроб и обата бубрега и лојот што е на нив, и десната плешка (тоа е овен за посветување);
23и еден леб и една погачка со масло, и една питка од кошницата со бесквасни лебови, приложена пред Господ.
243 Мојс 7,30; 9,21; 10,15; 4 Мојс 6,20; 8,11.13.15Сето тоа стави го врз рацете на Арон и врз рацете на синовите негови, и принеси го тоа со нишање пред Господ.
25Потоа земи им го тоа од рацете нивни, и изгори го на жртвеникот, со жртвата сепаленица, за да биде мирисот благопријатен пред Господ: тоа е принос пред Господ.
263 Мојс 7,30И земи ги градите од овенот за Ароновото посветување и принеси ги со нишање пред Господ – и тоа ќе биде твој дел.
273 Мојс 7,31.34И освети ги градите од приносот, што беа нишани, и плешката на вознесението што беше вознесена, од овенот за посветување на Арон и на синовите негови;
283 Мојс 7,30.34; 10,15и тоа нека биде за Арон и за синовите негови вечен дел од синовите на Израил, бидејќи тоа е вознесение; тоа вознесение треба да го прават (синовите на Израил) при благодарствените жртви; нивното вознесение е дар за Господ.
2928,2; 4 Мојс 20,28А светите одежди Аронови по него нека преминат на синовите негови, за да бидат во нив помазувани и во нив да се посветуваат за свештеници.
303 Мојс 6,23; 4 Мојс 20,28Седум дена нека се облекува во нив свештеник од синовите негови, оној, кој на неговото место ќе биде свештеник, кој ќе влегува во скинијата за да служи во светилиштето.
313 Мојс 8,31-33; Ез 42,13; 2 Лет 13,9А овенот за посветување земи го и месото негово свари го на свето место;
32и Арон и синовите негови нека го изедат месото од тој овен со лебовите од кошницата при влезот во скинијата.
33Мт 12,4Зашто преку тоа е извршено очистување и послужило за нивното посветување во свештенство; човек друг да не јаде, зашто тоа е света работа;
3412,10а и ако остане нешто од месото на жртвата за посветување, или од лебовите до изутрина, остатокот изгори го на оган; тоа не треба да се јаде, зашто е светиња.
35И направи така со Арон и со синовите негови сѐ онака како што ти заповедав. Седум дена посветувај ги рацете нивни.
3640,10; 3 Мојс 1,4; Ез 43,18-27; 2 Лет 29,24; Евр 10,11Теле заради гревовите да принесуваш секој ден за очистување; и жртва за грев да принесуваш врз жртвеникот за да го очистиш; и помажи го за да биде осветен.
3730,29; 40,10; 3 Мојс 16,18-20; Мт 23,19Седум дена ќе го очистуваш жртвеникот и ќе го осветуваш, и жртвеникот ќе биде голема светиња; секој кој ќе се допре до жртвеникот, ќе се освети.
Секојдневните жртви38 3 Мојс 6,4-8; Ез 46,13-15; 1 Лет 16,40; Сир 45,14 А еве што ќе принесуваш на жртвеникот: две јагниња (без недостаток) стари една година, секој ден без прекин.
394 Мојс 28,4.8; 1 Езд 3,3Едното јагне принесувај го наутро, а другото принесувај го навечер;
401 Мојс 35,14; 4 Мојс 15,4; 28,5; Ез 46,13-15и уште по една десетина ефа пченично брашно измешано со четврт ин исцедено масло, а за преливање – четврт ин вино, за едно јагне;
413 Цар 18,29.36; Пс 140,2; Дан 9,21; 1 Езд 9,4.5а другото јагне принесувај го навечер: со принос од брашно како утринскиот и со исто такво преливање принесувај го, како благопријатен мирис, жртва на Господ.
4227,2; 33,9.11; 4 Мојс 7,89Тоа нека биде постојана жртва сепаленица во поколенијата ваши пред вратата од скинијата, пред Господ, каде што ќе ти се јавувам, за да зборувам со тебе.
4325,22; 40,34; 3 Цар 8,11; Ез 43,5; Пс 25,8И таму ќе им се јавувам на синовите израилски, и ќе се освети тоа место со славата Моја.
4429,1А ќе ги осветам скинијата и жртвеникот; и Арон и синовите негови ќе ги осветам, за да Ми свештенодејствуваат.
4525,8; 40,34; 1 Мојс 17,7; 4 Мојс 35,34; 2 Кор 6,16Ќе пребивам меѓу синовите израилски и ќе им бидам Бог,
466,6; Агеј 2,5и ќе познаат дека Јас сум Господ, Бог нивни, Кој ги изведе од земјата египетска за да пребива меѓу нив. Јас сум Господ, нивниот Бог.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.