2 Летописи 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Владеењето на царот Езекија во Јудеја(4 Цар 18,1-3)

1 1 Лет 3,13 Езекија стана цар на дваесет и пет години, и царуваше во Еру­салим дваесет и девет години; мајка му се викаше Авија, Захариева ќерка.

2Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, токму онака како и неговиот предок Давид.

Очистување на храмот

3 28,24; 4 Цар 18,16 Уште во првата година на царувањето свое, во првиот месец, тој ги отвори вратите на домот Господов и ги обнови;

4и им заповеда на свештениците и левитите да дојдат, ги собра на источ­ниот плоштад

53 Мојс 11,44; Неем 13,9и им рече: „Послушајте ме, левити! Сега осветете се, осветете го и домот на Господ, Бог на предците ваши; исфрлете ја нечистотијата од светилиштето.

6Ер 2,27; 18,17; Ез 23,35; Дан 9,5-6; 1 Езд 9,7; 1 Лет 5,25Зашто предците наши постапуваа неугодно пред очите на Господ, нашиот Бог, Го оставија, го одвратија лицето свое од Господовото живеалиште, Му свртеа грб,

72 Мојс 30,7ја затворија вратата на притворот, ги угаснаа светилниците, не палеа кадило и не принесуваа сепаленици во све­тилиштето на израилскиот Бог.

83 Мојс 26,32; 5 Мојс 28,25; 3 Цар 9,7; Ер 18,16И гневот Господов беше врз Јудеја и врз Ерусалим, и Тој ги предаде на пре­зир, на опустошување и на потсмев, ка­ко што гледате со очите свои.

9Ете, предците наши паднаа под меч, а синовите наши, и ќерките наши, и жените наши затоа се во плен во туѓа земја досега.

104 Мојс 25,4; 4 Цар 11,17; 1 Езд 10,14И сега имам на срце да склучам за­вет со Господ, Бог Израилев, та да го отстрани од нас пламенот на гневот Свој.

114 Мојс 3,10Деца мои! Не бидете небрежни, зашто Господ ве избра за да стоите пред лицето Негово, да Му служите и да Му бидете служители и да кадите.“

124 Мојс 3,17-20Тогаш станаа левитите: Маат, си­нот Амасаев, и Јоил, синот Азариев – од синовите Каатови; и од синовите Мера­риеви: Кис, синот Авдиев, и Азарија, синот Јехалелелов; и од племето Гир­соново: Јоах, синот на Зима, и Еден, синот Јоахов;

13и од синовите Елицафанови: Шим­ри и Јеиел; и од синовите Асафови: За­харија и Матанија;

14и од синовите Еманови; Јехиил и Шимеј; и од синовите Једутунови: Ше­маја и Узиил.

15Ис 1,25; 1 Лет 23,28; 1 Мак 4,36-61; 2 Мак 10,1-8; Мт 21,12-13; 2 Цар 15,23Тие ги собраа браќата свои, се ос­ветија и отидоа по заповед на царот да го очистат домот Господов, според словото Господово.

16Свештениците влегуваа внатре во домот Господов, за да го очистат, и сето нечисто, она што го најдоа во храмот Господов, го изнесоа во дворот на домот Господов, а левитите го зедоа тоа да го изнесат надвор кон потокот Кедрон.

17И почнаа да осветуваат на првиот ден од првиот месец, и на осмиот ден на истиот месец влегоа во тремот Гос­подов; го осветуваа домот Господов осум дена и на шеснаесеттиот ден од првиот месец завршија.

Повторно осветување на храмот

18Тогаш дојдоа во домот кај царот Езекија и рекоа: „Го исчистивме домот Господов и жртвеникот за сепаленици, и сите негови садови, и трпезата за принесените лебови, и сите нејзини садови;

19сите садови што беше ги зафрлил царот Ахаз во текот на царувањето свое, во своето беззаконие, ги приготвивме и осветивме; ете, тие се пред Господовиот жртвеник.“

20Утредента рано царот Езекија стана, ги собра градските началници и отиде во домот Господов.

213 Мојс 4,13-14; 1 Езд 6,17И дотера седум телиња, седум овни, седум јагниња и седум козли – да ги принесат како жртва за грев, за царството, за светилиштето и за Јудеја; и им запо­веда на свештениците, синови Аронови, да принесат сепаленици врз Господови­от жртвеник.

223 Мојс 4,18; 4 Мојс 18,17И ги заклаа телците, а свештени­ците зедоа крв и го поросија жртвени­кот; ги заклаа овните и го поросија со крв жртвеникот; ги заклаа јагнињата и го поросија со крв жртвеникот.

233 Мојс 4,15; 16,5Ги дотераа и козлите, кои беа жртва за грев пред царот и собранието, и тие ги положија врз нив рацете свои.

242 Мојс 29,36; 3 Мојс 1,1-17; 4,1-35; 1 Езд 8,35Свештениците ги заклаа и го ис­чистија со нивната крв жртвеникот, за да се простат гревовите на целиот Израил, зашто царот беше заповедал да се принесе сепаленица и жртва за грев за целиот Израил.

251 Цар 22,5; 1 Лет 25,6И постави левити во домот Гос­подов со кимвали, харфи и лири, според наредбите на Давид и Гад, царскиот јасновидец, и на пророкот Натан, бидејќи таа заповед беше дадена од Господ преку пророците Негови.

261 Езд 3,10; 1 Лет 15,16.24И застанаа левитите со Давидовите свирки и свештениците со труби.

271 Цар 16,16Тогаш Езекија заповеда да принесат сепаленица врз жртвеникот. И кога почнаа да ја принесуваат сепаленицата, почна пеење на Господ со звуци на трубите и свирките на Давид, царот из­раилски.

28И целото собрание се молеше, пеја­чите пееја и трубите трубеа, сѐ додека не се изврши сепаленицата.

29А кога заврши сепаленицата, царот и сите, што беа кај него, се наведнаа и се поклонија.

30Царот Езекија и началниците им рекоа на левитите да Го слават Господа со зборовите на Давид и јасновидецот Асаф; тие славеа со радост и се наведнуваа и се поклонуваа.

312 Мојс 25,2; Евр 13,15-16Продолжи Езекија и рече: „Сега вие Му се посветивте на Господ: пристапувајте и принесувајте жртви и благодарствени приноси во домот Гос­подов.“ И целото собрание почна да принесува жртви и благодарствени приноси, а секој кој имаше срдечна желба принесуваше и сепаленици.

32А бројот на сепалениците, што соб­ранието ги донесе, изнесуваше: седум­десет волови, сто овни, двесте јагниња – сето тоа за сепаленица на Господ.

33Други свештени жртви имаше: шестотини глави крупен добиток и три илјади ситен добиток.

34Ез 44,11Но свештениците беа малку и не можеа да ги одерат кожите од сите се­паленици, па им помагаа браќата нивни левитите, додека се сврши работата и додека се осветија другите свештеници, зашто левитите беа поусрдни во желбата да се посветат, отколку свеш­тениците.

351 Мојс 4,4; 35,14; 2 Мојс 29,13А притоа имаше многу сепаленици со масни меса од жртвите за помирување и со преливи врз сепаленицата. Така беше обновено служењето во до­мот Господов.

36И се радуваше Езекија и целиот народ, поради тоа што Бог така го рас­положи народот, бидејќи тоа стана неочекувано.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help