Езекил 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување против лажни пророци

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израил, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово.

3Вака вели Господ Бог: тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе.

4Твоите пророци, Израиле, се како лисици во урнатини.

5Вие не влеговте во ровови и не го ог­радивте домот израилски за да биде цврст при битката во денот Господов.

6Тие гледаат суета и претскажуваат ла­га, велејќи: ‚Господ вели‘, а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека сло­во­то ќе се исполни.

7Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, ве­леј­ќи: ‚Господ вели‘, а Јас, пак, не сум ре­кол?

8Затоа вака вели Господ Бог: бидејќи кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, – вели Господ Бог.

914,9И ќе биде раката Моја против тие пророци, кои гледаат суета и претска­жуваат лага; во советот на Мојот народ тие нема да бидат, во списокот на домот израилски нема да бидат запишани и во земјата израилска нема да влезат. Па ќе познаете дека Јас сум Господ Бог.

1013,16; 22,28; Ер 6,14; 8,11; Дела 23,3Затоа што го воведуваат Мојот на­род во заблуда, велејќи: – мир, а мир нема; и кога некој гради ѕид, тие само са­каат со кал да го премачкаат!

11Мт 7,24-27Кажи им на тие што ѕидот го мач­каат со кал дека тој ќе падне, ќе заврне силен дожд и град како камен, и силен ветар ќе те распарчи.

12И, ете, ѕидот ќе падне; нема ли то­гаш да ви кажат: ‚Каде е мачканицата, со која го мачкавте ѕидот?‘

13Ис 30,30; Откр 11,19; 16,21Затоа вака вели Господ Бог: Ќе пуштам разорен ветар во гневот Свој и ќе падне пороен дожд во јароста Моја, и град како камења во јадот Мој ќе биде за истребување.

14Ќе го урнам ѕидот, што го мачкавте со кал, и ќе го кутнам на земја; ќе се от­крие темелот негов, па ќе падне, а вие заедно со него ќе загинете, и ќе позна­е­те дека Јас сум Господ.

15И ќе ја излеам јароста Своја врз ѕидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ќе ви речам: – го нема ѕидот и ги нема оние, што го мачкаа –

1613,10; Ис 57,21пророците израилски, кои му пророкуваа на Ерусалим и го известуваа за мирни виденија, кога мир немаше, – ве­ли Господ Бог.“

Пророштво против лажни пророчици

17А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон ќерките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив,

18па речи – вака вели Господ Бог: „Тешко им на оние што си пришиваат магиски амајлии под мишките и прават превези на главата во секоја големина, само да ловат души. Зар ловејќи ги ду­шите на Мојот народ, вие ќе си ги спасувате вашите души?

19Ис 56,11; Мих 3,5И Ме обесчестувате пред Мојот на­род за рака јачмен и за парчиња леб, умртвувајќи ги душите што не треба да умрат, а оставајќи ги да живеат оние души што не треба да живеат, лажејќи го народот што слуша лага.“

20Затоа вака вели Господ Бог: „Еве, Јас сум против вашите магиски амај­лии, со кои ги ловите душите како птички, ќе ги искинам од под мишките ваши и ќе ги пуштам на слобода ду­ши­те, што ги ловите како птички.

21Ќе ги парчосам вашите покривала и ќе го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веќе плен во рацете ваши, па ќе познаете дека Јас сум Господ.

22Ер 23,14Поради тоа што со лага го жалостите срцето на праведникот, кого Јас не сакам да го жалостам, и ги под­др­жу­ва­те рацете на грешникот, за да не се од­врати од својот порочен пат, па не го за­чува својот живот,

23затоа нема да имате веќе суетни ви­денија и во иднина нема веќе да баете, Јас ќе го избавам мојот народ од рацете ваши, и ќе познаете дека Јас сум Гос­под.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help