Исаија 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Безбедноста на Ерусалим

1 16,4; 17,14; 24,16; Ер 30,16; Авак 2,8 Тешко тебе, пустошнику, кој не си бил опустошуван; грабачу, што не си ограбуван! Кога ќе го завр­шиш опустошувањето, ќе бидеш опус­то­шен и ти; кога ќе прекратиш со гра­бе­жите, и тебе ќе те ограбат.

225,9; 30,18-19; Ер 14,8; 30,7; Пс 31,10; 33,22; 46,2Господи, помилуј нѐ, на Тебе се на­дев­аме! Биди наша поткрепа од рани зо­ри и наше спасение во неволја!

317,13; 4 Мојс 10,35; Пс 45,6; 48,5-8; 68,2Од страшниот глас Твој ќе избегаат народите; кога ќе се кренеш, ќе се распрснат племињата,

49,2ќе го истребат пленот ваш, како што гасеница истребува; ќе се нафрлат врз неа, како што скакулци се нафрлуваат.

52,11.17; 32,1; 2 Цар 7,22; Пс 56,5; 82,18; 96,9Возвишен е Господ, Кој живее во ви­си­ните; Тој ќе го исполни Сион со пра­ведност и правда.

611,2; Изреки 9,10Ќе настанат твоите безопасни вре­миња, изобилно спасение, мудрост и знаење; стравот од Господ ќе биде твоето богатство.

Господ во акција

7 29,1 Ете, нивните јунаци викаат по ули­ците; пратениците за мир горко плачат.

824,4-5; 34,10; Суд 5,6Патиштата запустеа; патници веќе нема; договорот е прекршен, заклетвата е погазена, обзир нема кон никого.

924,4; 35,2; Амос 1,2; Наум 1,4Земјата тагува, се суши; Ливан е посрамен, овенат; Сарон заприлега на пустина, а Башан и Кармил се оголени од лисјата свои.

10Пс 11,5Сега ќе станам, вели Господ, сега ќе се издигнам, сега ќе се возвисам.

1126,18; 59,4; Пс 7,14Сено сте зачнале, слама ќе родите; дишењето ви е оган, кој ќе ве голтне.

129,18; 10,17И народите ќе бидат како вар што врие, како пресечени трња ќе бидат из­горени во оган.

1349,1Слушајте, вие, далечни, што ќе на­правам; и вие, блиски, познајте ја Мо­ја­та моќ.

Казни и награди

14 30,27; 5 Мојс 9,3 Се уплашија грешниците на Сион; морници ги обзедоа нечесните: „Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?“

151,10-16; 5,22-23; Пс 14,2-3.5; 117,19.20; 118,37Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од поткуп, ги затина ушите за да не слуша за крвопролевање, и ги затвора очите да не го гледа злото,

1630,20; Авд 1,3тој ќе живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ќе му се даде леб; водата негова нема да пресуши.

Господ е нашиот Цар

17 6,5; 26,15; Ез 28,7.12; Пс 44,2 Очите твои ќе го видат Царот во Неговата убавина, ќе гледаат непрегледна земја;

1837,1-6; 1 Кор 1,20само срцето твое ќе си спомне за ужасите: „Каде е оној, што пребројува­ше? Каде е оној, што го одмеруваше да­нокот? Каде е оној, што ги надгледува­ше кулите?“

1928,11; 5 Мојс 28,49; Ез 3,5-6Нема повеќе да видиш народ сви­реп, народ со неразбирлив збор, со јазик туѓ, несфатлив.

2032,18; 54,2; Пс 45,5Погледни го Сион, градот на ва­ши­те празнични собранија; очите твои ќе го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине.

2112,6; 32,2; Ез 47,1-12; Пс 45,4Таму кај нас Великиот Господ ќе биде место реки, место широки канали; таму нема да влезе ниедна лаѓа со вес­ла, ниту ќе премине голем кораб.

Господ е наш Судија

22 2,4; 6,5; 25,9; Пс 49,6; 73,12; 92,1; Јк 4,12 Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Тој ќе нѐ спаси.

239,2Ослабнаа јажињата твои, не можат да ги додржат јарболите и да ги затегнат платната. Тогаш ќе има голем де­леж на пленот, дури и сакатите ќе трг­нат по грабеж.

24Мих 7,18-19И ниеден од жителите нема да ка­же: „Болен сум“; а на народот што жи­вее таму, ќе му бидат простени гре­во­ви­те.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help