1 Кол 2,13 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2Јн 12,31; 2 Кор 4,4; Кол 3,7; Тит 3,3во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието,
3Рим 1,18; 3,9.20.23меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот.
4Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
5Лк 15,24.32; Дела 15,11; Кол 2,13иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,
6Кол 3,1-4и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
7за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
82,5; Јн 4,10; Дела 15,11; Рим 3,24; Гал 2,16; Евр 6,4Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!
9Рим 3,28; 1 Кор 1,29; 2 Тим 1,9Не е од дела, за да не се пофали некој.
102 Кор 5,17; Тит 2,14Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.
Едно во Исус Христос11Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте незнабошци, и наречени необрезани од таканаречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,
12Рим 9,4-5; Кол 1,20-21; 1 Сол 4,13дека во она време бевте без Христа, отстранети од општеството на Израил, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;
132,17; Ис 57,19; Дела 2,39; Кол 1,20но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.
141 Кор 12,13; Кол 1,20; 2,14
Ис 9,6-7; Гал 3,28Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,15откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,
16и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе.
17Ис 52,7; 57,19; Зах 9,10И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски,
183,12; Рим 5,2; 8,15; Евр 7,25; 1 Птр 3,18зашто преку него и едните и другите имаме пристап кај Отецот во еден Дух.
193,6; Евр 12,22-23И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,
20Ис 28,16; Мт 16,18; 1 Кор 3,9-11зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,
211 Кор 3,16; 2 Кор 6,15; Кол 2,19врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ;
221 Птр 2,5врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиште Божјо преку Духот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.