Јудита Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведЈудита е еден од најдраматичните библиски описи. Се чини дека писателот намерно се оддалечил од секое историско и географско опишување, за да може полесно да ја истакне вистинската смисла на книгата. Книгата ја возвеличува јудејската религија и родољубие. Религијата е толку национална, законска и практична, што всушност се изедначува со самиот живот на народот и домољубието. Одбраната на татковината истовремено претставува и одбрана на животот и верата. Олоферн, војсководачот на Навуходоносор, претставува олицетворение на непријателската сила; Јудита, Јудејката, е симбол на јудејскиот народ, кој, беден и осиромашен како и вдовицата Јудита, доаѓа во судир со својот непријател. Настанот се случува во Ездрелон, близу до Армагедон (спореди Откр 16,16). Книгата е напишана во апокалиптички стил, во Палестина, за време на владеењето на Александровите наследници, во 2 или почетокот на 1 век пр. Христос.И книгата Јудита, изворно е напишана на еврејски, или арамејски јазик, но сочувана е само во грчкиот превод.