1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
22 Мојс 4,2„Кажи им на синовите израилски и земи од нив по еден жезол од колено, по еден жезол од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезолот;
3Ароновото име напиши го на Левиевиот жезол, зашто тие треба да дадат еден жезол, според племето на нивниот род,
42 Мојс 16,34; 25,22и стави ги во скинијата на собранието, пред ковчегот на заветот, каде што ви се јавувам;
52 Мојс 16,7; 25,21-22и кого Јас ќе го одберам, неговиот жезол ќе расцути; и така ќе го отстранам незадоволството на синовите израилски, што го креваат против вас.“
6И им рече Мојсеј на синовите на Израил, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезол, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезол беше меѓу жезлата нивни.
7Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на собранието.
8Ез 17,24; Евр 9,4На вториот ден влезе Мојсеј (и Арон) во скинијата на собранието, и ете, Ароновиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми.
9И ги изнесе Мојсеј сите жезла од лицето Господово пред сите синови на Израил; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезол.
102 Мојс 23,21; 5 Мојс 9,24; Пс 65,7; Евр 9,4И му рече Господ на Мојсеј: „Постави го пак Ароновиот жезол пред ковчегот на заветот да се чува, како опомена за непокорните, па ропотот против Мене да престане и тие да не умираат.“
11И Мојсеј го направи тоа; како што му заповеда Господ, така направи.
Службата на свештениците и на левитите12 Суд 13,22; Ис 15,1 И му рекоа синовите израилски на Мојсеј: „Ете, ние умираме, гинеме, сите ќе изумреме;
13секој, кој се приближува кон скинијата Господова, умира: дали ќе изумреме така сите?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
