4 Царства 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог ги осудува постапките на Охозија

1 3,4-27; 4 Мојс 24,17; 1 Цар 14,47; 2 Цар 8,2; Пс 59,8 По смртта на Ахав, Моав се побуни против Израил.

2Мт 10,25; 12,24А Охозија падна низ прозорецот на горната соба од својот дворец, во Сама­рија, и тешко се повреди. Па испрати гласници и им рече: „Одете, прашајте го Веелзевул, екронското божество: ќе оздравам ли од оваа повреда?“ (И тие отидоа да прашаат).

33 Цар 17,1; 21,17.28; Ис 8,9; Ер 2,11-13Тогаш ангел Господов му кажа на Илија тишбеецот: „Стани, пресретни ги пратениците на самарјанскиот цар и кажи им: ‚Зарем во Израил нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевул, екронското божество?‘

420,1; 1 Мојс 2,17; Ез 3,18; 18,24Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ И отиде Илија (и им кажа).

5Се вратија гласниците кај Охозија. И тој ги праша: „Зошто се вративте?“

6Тие му одговорија: „Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се кај царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: зар во Израил нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веел­зевул, екронското божество? Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“

7Тој ги праша: „Каков беше на изглед оној човек што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?“

8Зах 13,4; Мт 3,4Тие му одговорија: „Тој човек це­лиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.“ Тој рече: „Тоа е Илија тишбеецот.“

Охозија упорно настојува да го затвори Илија

9 2 Мојс 18,21; 5 Мојс 1,15; 1 Цар 8,12; 3 Цар 17,24 Тогаш испрати царот кај него пе­десетник со неговите педесетмина вој­ници. И тој се искачи кај него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: „Човеку Божји, царот нареди да слезеш.“

103 Мојс 10,2; Лк 9,54Одговори Илија и му рече на педе­сетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина вој­ници.“ И падна оган од небото и го из­гори него и неговите педесетмина.

11Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина војници. И тој му проговори и рече: „Човеку Божји, вака вели царот: ‚Слези поскоро!‘“

12Илија одговори и му рече: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина.“ И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите пе­десетмина војници.

133 Цар 8,54; 19,18; Ис 45,23; 1 Езд 9,5Царот испрати по третпат педесетник со неговите педесетмина војници. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го мо­леше и му зборуваше: „Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и ду­шата на твоите слуги – овие педесетмина – пред твоите очи.

14Ете, падна оган од небото и ги из­горе двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина војници; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!“

15Тогаш му рече ангелот Господов на Илија: „Оди со него и не плаши се од него.“ И тој стана, та отиде со него кај царот.

16И му рече: „Вака вели Господ: ‚Поради тоа што испрати гласници да го прашаат Веелзевул, екронското бо­жество, како да немаше во Израил Бог да Го прашаш за словото Негово, – ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.‘“

17И тој умре според словото Госпо­дово што го изрече Илија. И стана цар Јорам, (братот на Охозија), место него, во втората година на Јорам, синот на Јосафат, царот јудејски, бидејќи оној немаше син.

18Другото за Охозија, она што го из­вршил тој, е опишано во летописите на израилските цареви.

18а И Јорам, синот на Ахав, царуваше над Израил во Самарија,

18б и постапуваше лошо пред лицето на Господ, но, сепак не така, како не­говите браќа, ниту како неговата мајка;

18в и ги отстрани столбовите на Ваал, кои ги беше направил неговиот татко, и ги уништи; сепак се приврза кон гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел Израил на гревови и не отстапи од нив;

18г и го навлече гневот Господов врз домот на Ахав.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help