Исус Навин Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведКнигата Исус Навин го прикажува освојувањето на хананската земја и населувањето на израилските племиња во неа под водство на Исус Навин, наследникот на Мојсеј. Во оваа книга без поголеми тешкотии може да се разграничат три позначајни целини:Освојувањето на Ханан (1–12),Поделба на земјата (13–21),Крај на Исусовиот живот (22–24).Доделувањето на земјата на Неговиот народ, значи истовремено и остварување на ветувањата кои Бог им ги беше дал на предците на Израилците, а кои му ги повтори и на Мојсеј. Низ долговековната историја, во која се изразени односите помеѓу Бог и Израил, освојувањето на Ханан претставува една нејзина значајна етапа, која по својата важност би можела да се спореди со онаа на излегувањето од Египет. Токму како и при заминувањето од египетската земја, периодот на населувањето во хананската земја го одбележуваат бројни посредувања на Бога, Кој се бори на страната на Својот народ, обезбедувајќи му секогаш успех и победа.Доделувањето и доверувањето на пределите кои се веќе освоени, или, пак, кои преостанува допрва да бидат освоени, исцрпно ја покажуваат грижата на Бога, Кој им вети на сите Израилци дека ќе живеат благодатно на поседот на една земја. И токму од таква гледна точка би требало да се читаат набројувањата на местата кои се содржани во одредени глави од книгата (на пр. 13,15 и 16). Исус Навин потсетува дека верноста на Бога кон Сопствените ветувања бара за возврат и посебно залагање на народот. Населувањето на Израилците во средина меѓу туѓинци, кои не знаат за Бога предизвикува нови опасности од појава на неверие. Токму поради тоа Исус ќе превземе еден потфат во форма на свечено обновување на сојузот, односно заветот при собирот во Сихем. Со тој настан завршува книгата Исус Навин (24).Народот таму по сопствен избор одлучува да Му служи на Бога. Оттогаш се открива долгата историја на Израилците и на нивната земја, чие поседување и владеење постојано ќе биде доведувано во прашање, а исто така ќе биде потребно израилскиот народ постојано да се потсетува и да биде опоменуван за барањата, кои се наметнуваат од изборот што тој самиот го направил.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help