1 Царства 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израилците бараат цар

1 5 Мојс 16,18 А кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии над Израил.

2Името на неговиот првороден син беше Јоил, а името на вториот син не­гов – Авија; тие беа судии во Вирсавија.

32,12; 2 Мојс 23,8; 5 Мојс 16,19; Пс 14,5; Плач 3,35Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие, земаа подароци и судеа криво.

4Тогаш се собраа сите старешини Израилеви, дојдоа кај Самоил во Рама

55 Мојс 17,14-15и му рекоа: „Ете, ти остаре, а сино­вите твои не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.“

615,11Овие зборови не му беа пријатни на Самоил, кога рекоа: „Дај ни цар, кој ќе ни суди.“ И Самоил Му се помоли на Господ.

710,19; 2 Мојс 16,8; Суд 8,22-23А Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот на народот за сѐ што ти говорат. Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив.

8Суд 10,13; 3 Цар 9,9; Пс 77,12-17Како што постапуваа со Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет, до денес кога Ме оставија и почнаа да им служат на други богови, така постапуваат и со тебе.

9Затоа, сега послушај го гласот нив­ни! Само свечено опомени ги и објави им ги правата на царот што ќе царува над нив.“

Правата на царот

10И Самоил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бара­ше од него цар,

112 Цар 15,1; 3 Цар 1,5; 5,6и рече: „Еве, какви ќе бидат правата на царот што ќе царува над вас: тој ќе ги зема синовите ваши и ќе ги прави свои колари и свои коњаници и тие ќе одат пред колите негови;

1222,7и ќе си ги назначува за заповедници над илјада, и заповедници над педесетмина, ќе ги постави да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и сѐ што е потребно за колите негови.

13Ќе ги зема ќерките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб.

143 Цар 21,1-24Ќе ви ги зема најдобрите ваши ни­ви, лозја и маслинови градини и ќе им ги дава на слугите свои.

15Ќе зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ќе им го дава на евнусите свои и на слугите свои.

16Ќе ги зема робовите ваши и робин­ките ваши, најдобрите момци ваши и ма­га­рињата ваши и ќе ги употребува за своја работа.

17Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ќе му бидете ро­бови.

183 Цар 12,3-4; Мих 3,4; Изреки 1,25-28А еден ден кога ќе заофкате од ца­рот свој што самите сте си го избрале, Господ нема да ви одговори тогаш.“

19Но народот не сакаше да го пос­луша гласот на Самоил и рече: „Не, не­ка има цар над нас,

20и ние ќе бидеме како другите народи – ќе ни суди нашиот цар и ќе оди пред нас, и ќе ги води нашите војни.“

21И Самоил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господ.

22И Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот нивни и постави им цар.“ И Самоил им рече на Изра­илците: „Нека си оди секој во својот град!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help