Еремија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 13,17; 2 Цар 1,19; Плач 1,16 О, да ми беше главата извор, а очите кладенец на солзи, па да плачам ден и ноќ за убиените на ќерката на мо­јот народ.

23 Цар 19,3-4; Пс 54,6-8; 5,7-8; 23,10О, кога некој би ми дал во пустината пребивалиште! Би го оставил мојот на­род и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, банда на престапници.

Господ му одговара на Еремија

3 9,23; Ос 4,1 Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме познаваат, вели Господ.

412,6; Мих 7,5; Пс 40,9Пазете се секој од пријателот свој, и не доверувајте се никому од браќата свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета.

5Пс 12; 120Секој го лаже пријателот свој, и вис­тина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло.

6Јн 3,11Насилство врз насилство, измама врз измама! Не сакаат да Ме познаат, вели Господ.

76,27; Ис 1,25Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ќе ги растопам и ќе ги испитам; зашто, како инаку да постапам со ќерката на Мојот народ?

818,18; Пс 56,4; 64,4; Пс 27,3; Сир 12,16; Мт 26,49Јазикот нивни – стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближ­ниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки.

932,18; 44,22; Рим 2,2Зар нема да ги казнам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?

Еремија го оплакува својот народ

10На горите ќе кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите – ридание, зашто тие се изгорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша бле­ење на стада: и птиците небески и до­би­токот – сѐ се распрснало и избегало.

1126,18; 51,37И ќе го претворам Ерусалим во ку­пишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ќе ги направам пус­тина без жители.

Зошто запусте земјата?

12 5 Мојс 32,29; Ос 14,10; Пс 106,43 Има ли таков мудрец, што ќе го разбере ова? На кого му говорела устата Господова, па да објасни, зошто загина земјата и изгоре како пустина, така што никој не минува низ неа?

133,17; Ис 65,2И рече Господ – поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него,

14Откр 8,11туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни.

1513,24; 15,14; 49,37Заради тоа вака вели Господ Са­ва­от, Израилевиот Бог: еве, ќе ги нахра­нам тие луѓе со пелин, ќе ги напојам со затруена вода.

16Проп 12,5И ќе ги растурам меѓу народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ќе испратам по нив меч, сѐ до­дека не ги истреби.

Тажачки

17Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; ис­пра­те­те да дојдат вешти жени за таа работа.

189,1Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече.

19Затоа што глас од плач се слуша откај Сион: „Како нѐ ограбија, лошо сме посрамени; принудени сме да ја ос­тавиме земјата, зашто нашите куќи ни ги разурнаа.“

20Па така, слушајте го, жени, словото од Господ и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги ќерките свои на плач, и една со друга – на тажни песни:

216,11; Јоил 2,9; 5 Мојс 32,25; Плач 1,20„Смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младината од плоштадите.“

22Јов 5,26Кажи им, вака вели Господ: ќе би­дат фрлени труповите на луѓето како ѓубре во поле и како снопја зад жет­ва­ри, и не ќе има кој да ги собере.

Што сака Господ?

23 Изреки 3,5; 21,30; Проп 9,11; Сир 10,22 16,21; 22,16; Пс 33,2; Јн 17,3; 1 Кор 1,31; 2 Кор 10,17 Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое.

24А кој се фали, нека се фали со тоа дека Ме разбира Мене и дека знае дека Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; зашто само овие работи Ми се угодни, вели Господ.

25Ете идат денови, вели Господ, кога ќе ги казнам сите кои се само надво­решно обрезани:

26Египет и Јудеја, Едом и синовите Амонови, Моав и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустината; зашто сите тие народи се необрезани, а и сиот дом Израилев има срце необре­за­но.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help