1 15,18; 25,15 Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува.
215,7.14.21.28На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупости блуе.
35,21; 24,18Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат и лошите и добрите.
412,18; 18,21Кроток јазик е дрво на животот, а злиот – рана на душата.
513,1; 15,5.10.12.32Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша прекор, разумен е.
64,16; 28,1Во куќата на праведникот – големо богатство, а печалбата на нечестивиот – пропаѓа.
710,31; 13,16Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така.
821,27; Јн 9,31Жртвата на безбожните е одвратност пред Господ, а молитвата на праведните Му е пријатна.
911,20; 12,22Патот на нечестивиот е одвратност пред Господ, а кој ја бара правдата, Тој го сака него.
1012,1Остра казна го чека оној што го остава правиот пат, а кој го мрази изобличувањето – ќе загине.
1116,2Пеколот и пропаста се откриени пред Господ, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки?
129,12Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите.
1312,25; 17,22; 18,14Весело срце го прави лицето весело, а при тажно срце – и лицето е натажено.
1418,15На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со глупост се хранат.
1518,14На несреќниот сите дни му се тажни; а животот на среќниот е постојано празнување.
1616,8Подобро малку, но со страв Господов, отколку големо богатство, и со него немир.
1717,1Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.
1814,29Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот караници смирува.
18а Долготрпеливиот маж споровите ги гаси, а нечестивиот уште повеќе ги распалува.
1922,5Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист.
2010,1; 30,17Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си.
2110,23; 14,8На неразумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат.
2211,14; 20,18Без советување намерите се осуетуваат, а при многу советници тие успеваат.
2325,11Пријатно е да се знае добро да се одговори. Колку добар е зборот изговорен во вистинскиот момент!
244,18-19Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси.
2523,10-11Господ ќе го сотре домот на горделивите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне.
266,16-18Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непорочните Му се угодни.
271,19; 28,16Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази поткуп, ќе живее.
27а Со милостина и вера гревовите ќе бидат очистени, а со стравот кон Господ секој ќе се отклони од злото.
2829,20Срцето на праведниот мисли што зборува, а устата на нечесните исфрла зло.
28а Пријатни се пред Господ патиштата на праведните луѓе; преку нив и непријателите стануваат пријатели.
291,28Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните.
29а Подобро е мала добивка на праведен начин стекната, отколку голема летина нечесно добиена.
29б Праведно нека размислува срцето на мажот за да бидат од Бога исправени чекорите негови.
3025,25Светол поглед срце радува, добра вест коски храни.
3125,12Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее.
328,35-36Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој придобива разум.
339,10; 18,12Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.