1 Пс 85,12; Мт 11,25 Господи Царе, Тебе ќе Те воспевам, Тебе ќе Те фалам – мојот Бог и Спасител, Твоето име ќе Го прославувам;
22 Мојс 15,2; Ис 33,2; Пс 30,18; 36,39; 119,2Ти беше мој закрилник и помошник;
32 Мојс 34,6; Пс 34,4; 103,8; Јов 19,22Ти го спаси моето тело од пропаст и од примките на јазик клеветнички и уста лажлива; Ти беше мој помошник против оние што стануваа против мене.
428,22-23; Јк 3,5-6Ти ме избави според Твојата голема милост и заради името Свое од заби што крцкаат спремни да ме изедат;
54 Мојс 16,33и од рацете на оние што ја бараа мојата душа и од многуте жалости што ги имав.
6Ис 14,15; Јона 2,3-4; Пс 70,20Од оган, којшто ме задушуваше од сите страни и од пламенот што не ме изгоре;
7Ис 59,16; 63,5; Пс 21,11од длабината на адовата утроба, од нечист јазик и лажливи зборови, од клевета на неправеден јазик пред цар.
8Пс 24,6; 77,6.12-13Душата моја близу до смртта беше.
9Животот мој – до дното на пеколот:
10Пс 68,30од сите страни ме опкружуваа и немаше кој да ми помогне; од луѓе помош со поглед барав, но ја немаше.
1150,4; Гал 1,4Тогаш си спомнав за милоста Твоја, Господи, и за делата Твои уште од почеток,
12дека ги спасуваш оние што на тебе се надеваат, ги спасуваш од непријателски раце.
136,18; Мудр 8,2Гласот на мојата молитва од земја го подигнав, Ти се молев од смрт да ме избавиш.
14Повикав кон Господа, кон Отецот на мојот Господ – да не ме остави во дни на неволја кога немам помош од горделиви луѓе.
156,27; Ос 9,10; Пс 24,5; 26,3Името Твое непрестајно во славословие ќе го фалам, зашто молитвата моја ја послуша;
166,33од погибел ме спаси и во зло време ме избави.
17Затоа ќе Те воспевам и ќе Те фалам и името на Господа ќе го прославувам.
Потрага по мудроста18Уште како момче, пред да почнам да патувам, во молитвата моја отворена мудрост барав;
192 Мојс 9,22пред храмот се молев за неа и докрај ќе ја барам, како од цутот на грозјето до неговото узревање,
20така срцето мое се радува од неа; мојата нога по прав пат тргна, уште од младоста по неа одам.
21Го наведнував по малку увото и неа ја примав; во неа наоѓав многу поуки за себе.
22Напредував во неа.
2324,19; Мт 11,28Ќе го прославувам оној, Кој ми ја дарува мудроста.
24Ис 55,1-2; Пс 41,2; Јн 7,37Одлучив да одам по неа; го следев доброто и нема да се посрамам.
25Изреки 4,5.7Душата моја неа ја бараше, а во делата мои бев исправен.
266,24-25; 5 Мојс 30,11-14; Мт 11,29-30; Рим 10,8Рацете мои ги подигнав кон висините и ја осознавав својата неукост.
276,28; 22,13Кон неа душата моја ја управив и од самиот почеток ѝ го предадов срцето свое,
28Јов 28,15-19; Изреки 16,16; Мт 13,44-46и со чистота ја достигнав; затоа нема да бидам оставен од неа.
29Пс 30,7Внатрешноста моја се подигна неа да ја бара; затоа придобив вредно богатство.
3016,14За награда Господ јазик ми даде; со него ќе Го прославувам.
31Дојдете кај мене, вие ненаучените, во училиштето мое бидете.
32Зашто вам мудроста ви е потребна, душите ваши силно жеднеат за неа.
33Ја отворам устата своја и ви велам: „Купувајте ја без пари“;
34ставете го вратот свој во јаремот нејзин и душата ваша нека го прима ова учење; него можете близу да го најдете.
35Ете, со ваши очи гледате: јас малку се потрудив и голем спокој најдов.
36Придобивајте поуки колку за големо количество сребро, а со тоа ќе добиете богатство поголемо од злато.
37Нека се радува душата ваша за Неговата милост; и не срамете се да Го прославувате.
38Свршувајте ја работата своја навреме, и Тој навреме ќе ви ја даде вашата награда.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.