1 .
1915,36; 18,31Ахимаац, синот Садоков, му рече на Јоав: „Ќе трчам да му јавам на царот дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.“
20Но Јоав му рече: „Нема да бидеш известувач на добра вест денес; друг ден ќе јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.“
21Јоав му рече потоа на Кушиј: „Оди, јави му на царот што си видел.“ И Кушиј му се поклони на Јоав и отрча.
22Но Ахимаац, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоав: „Што и да биде, и јас ќе трчам по Кушиј“, а Јоав му одговори: „Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.“
23Ахимаац рече: „Така нека биде, но јас ќе отрчам.“ Тогаш Јоав му рече: „Трчај.“ И Ахимаац потрча по напречен пат и го престигна Кушиј.
2419,9; 4 Цар 9,17-20Во тоа време Давид седеше меѓу двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај ѕидот, ги крена очите и виде, еден човек трча.
25И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: „Ако е сам, вест носи во устата своја.“ А оној сѐ повеќе и повеќе се приближуваше.
26Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на вратарот: „Ете, уште еден човек трча.“ Царот рече: „И тој е известувач.“
273 Цар 1,42Стражарот рече: „Го гледам одењето на првиот, тоа прилега на одењето на Ахимаац, Садоковиот син.“ А царот рече: „Тој е добар човек и доаѓа со добра вест.“
28Ахимаац извика и му рече на царот: „Мир!“ И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: „Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде луѓето што беа кренале рака против мојот господар, царот!“
291 Мојс 43,27-28; 1 Цар 4,14; 14,16А царот праша: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Ахимаац одговори: „Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испраќаше својот слуга; но не знам што стануваше таму.“
30Царот рече: „Помести се и застани тука.“ И тој се помести и застана.
3118,19; Суд 5,31Ете, пристигна и Кушиј по него. И Кушиј му рече на царот: „Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти направи денес правда, спасувајќи те од раката на сите што беа станале против тебе.“
321 Цар 25,26А царот го праша Кушиј: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Кушиј одговори: „Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломисленици против тебе да се случи истото што го снајде момчето!“
3315,30Се вознемири царот и отиде во собата над портите и плачеше и, кога си одеше, велеше вака: „Сине Авесаломе! Сине, сине Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.