1Така постапува оној што има од Господа страв; кој законот го држи – мудрост ќе придобие.
2Изреки 5,18; Мудр 8,2.9Ќе го пречека како мајка, ќе го прими како мудра невеста.
35 Мојс 32,2; Ис 12,3; Ер 2,13; 17,13; Ез 47,1-12Со лебот на разумот ќе го нахрани; ќе го напои со водата на мудроста.
4На неа ќе се потпре и нема да се поколеба; на неа ќе се надева и нема да се посрами.
5Мудр 8,10-15Таа ќе го издигне над неговите ближни; сред собир народен ќе му ја отвори устата.
6Изреки 4,9Тој ќе наследи веселба, и венец на радоста и име вечно.
7Мудр 1,4Неразумните луѓе не ја добиваат; ниту пак грешниците со очи ќе ја видат.
8Јов 22,29; Изреки 8,13Таа е далеку од горделивоста; лажливците не помислуваат на неа.
9Во устата на грешникот непријатна е пофалбата, зашто од Господа не е испратена.
10Пофалбата со мудрост искажана – и Господ ја потпомага.
Човекот е одговорен за своите постапки11 1 Мојс 3,12; Јк 1,13-15 Никогаш не вели: „Заради Господа отстапив“, зашто она што го мрази Тој – не треба да го правиш.
121 Мојс 3,13Не вели го ни ова: „Тој ме воведе во заблуда“, зашто Бог нема потреба од грешен човек.
13Секоја одвратност Господ ја мрази; таа им е непријатна на оние, коишто имаат страв од Него.
14Во почетокот Тој го создаде човекот и го препушти на неговата слободна волја.
15Ако сакаш, можеш да ги извршуваш заповедите; ти имаш сила верен да Му бидеш.
165 Мојс 11,26Пред тебе ставил оган и вода; кон што сакаш, рака ќе пружиш.
175 Мојс 30,15-20; Ер 21,8Пред човекот стои животот и смртта; што посакува, тоа му се дава.
18Голема е мудроста на Господа; Тој е сесилен и гледа сѐ.
19Пс 32,13-15; 34,16Очите на Господа се врз оние што имаат страв од Него; Тој ги знае сите човечки дела.
20Никому не Му заповедал безбожник да биде; никому не дозволил да греши.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
