2 Царства 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Последните Давидови пораки

1 7,8-9; 1 Цар 16,12-13; Пс 77,70; 88,20-38 Еве ги последните Давидови зборови: „Слово на Јесеевиот син Давид, беседа на мажот, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Ја­ковов и на слаткопевецот Израилев:

22 Птр 1,21‚Духот Господов говори преку мене, и словото Негово е на јазикот мој.

322,2.32; Пс 77,35; 2 Лет 19,7Рече Бог Израилев, карпата Изра­илева ми говори: Оној што господари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страхопочит кон Бога.

4Суд 5,31; Изреки 4,18И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно не­бо, од греењето по дожд израснува од земјата трева,

57,16; Ис 55,3; Пс 131,11-12така е и со мојот дом во Бога. Зашто Тој направи со мене завет вечен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба.

6А нечестивите ќе бидат како исфрлено трње, кое не се фаќа со рака;

7но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува.‘“

Давидовите воини

8Еве ги имињата на јунаците Да­видови: Тахкемониецот Јошев-Баше­вет, главен меѓу тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш.

9По него беше Елеазар, син од братот на татко му, еден од тројцата јунаци што беа со Давид и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филистејците, кога тие се беа собрале да војуваат.

10Израилците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филис­тејците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените.

11По него – Шама, син на Агеј од Хар­ар. Кога Филистејците се собраа на едно место, каде што имаше нива засеана со леќа, народот избега од Филистејците,

12но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа.

135,17-18; 1 Цар 22,1Тие тројца главни меѓу триесетте војводи тргнаа и на почетокот на жет­вата влегоа кај Давид во Адуламската пештера, додека филистејските војници логоруваа во Рефаимската Долина.

14Тогаш Давид беше во укрепено мес­то, а филистејската војска во Витлеем.

15Давид побара да пие и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот кладенец што е покрај портите?“

16Тогаш тие тројцата јунаци се провреа низ филистејскиот логор, зафа­тија вода од витлеемскиот кладенец што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давид. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господ,

17и рече: „Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на луѓето што одеа, со опасност по животот свој?“ И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци!

1810,10.14; 21,17А Авеса, братот на Јоав, а син на Саруја беше началник меѓу тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави меѓу тие тројца.

19Меѓу тројцата тој беше многу ис­такнат и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен.

208,18; 20,23; 1 Лет 27,5Ванеја, син на храбриот маж Јехо­јада, од Кавцеел, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариил моав­ски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време;

21тој уби и еден Египќанец, виден чо­век; Египќанецот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Егип­ќанецот и го уби со неговото копје,

22ете, тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тројцата јунаци;

23тој беше повиден од триесетте, но на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок изврши­тел на заповедите свои.

242,18; 1 Лет 27,7-8.10Еве ги имињата на јунаците при ца­рот Давид: Асаил, братот на Јоав – во бројот на триесетте; Елханан, синот на Додо, од Витлеем,

25Шама од Харод, Елика од Харод,

26Хелец од Пелет, Ира, синот на Икеш од Текоа,

2721,18Авиезер од Анатот, Мевунај од Хуша,

2823,9Селмон од Ахох, Махарај од Не­тофа,

29Хелев, син на Баана, од Нетофа, Итај, син на Ривај од синовите Венија­минови во Гива,

301 Лет 11,31; 27,14Ванеја од Пиратон, Хидај од Нах­але-Гааш.

311 Лет 11,32-33Ави-Алевон од Арава, Азмавет Бархумиецот,

321 Лет 11,34Елијахба од Шаалевон; од синовите на Јашен – Јонатан,

3323,11Шама од Харар, Ахијам, син Ша­раров,

3411,3; 15,12Елифелет, син Ахазбаев, син на еден човек од Маахат, Елијам, син на Ахитофела – Гилонецот.

351 Лет 11,37Хецрај од Кармил, Паарај од Арав,

36Јигал, Натанов син – од Цова, Ваниј од племето на Гад,

37Целек Амонецот, Нахарај Бееро­теецот, оруженосец на Јоав, Саруев син,

38Ира Јитриецот, Гарев Јитриецот,

3911,3.6Урија Хитиецот. Сѐ – триесет и седум.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help