Исаија 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ерусалим опколен

1 15,3 Пророштво за долината на видението. – Што ви е, та сите сте се искачиле на покрив?

223,7; 32,13; Соф 2,15Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба;

3сите твои водачи бегаа заедно, но беа заробени без да затегнат лак; сите што се најдени кај тебе заробени се заедно, колку и да бегаа далеку.

416,9; Ер 6,26; 8,21; 9,1.17; 13,17; 31,15; Плач 1,16Затоа велам: оставете ме, горко ќе плачам; не трудете се да ме утешувате, поради погибелта на мојот народ.

537,3; 4 Цар 19,3Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господ Бог Саваот. Се соборува­ат ѕидови, викањето стигнува до планината.

64 Цар 16,9И Елам зеде оружје: луѓе со коли, и јавачи, и Кир штитот свој го спрема.

7И ете, најдобрите твои долини се полни со бојни коли, јавачите се наредија спроти портите,

83 Цар 7,2-5; 10,17па ја уриваат заштитата на Јудеја; и ти во тој ден погледна кон избраните домови во градот.

92 Цар 5,9; 4 Цар 20,20Видовте дека има многу пукнатини во ѕидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник;

10Ер 33,4; Сир 48,17ги преброивте и ги рушевте куќите ерусалимски, за да се зацврстат ѕидините градски;

115,12; 4 Цар 25,4; Ер 39,4направивте меѓу двата ѕида собиралиште за вода од старото езеро. А на Оној, Кој го направи тоа, не погледнав­те, и не Го гледавте Оној, Кој одамна го одреди тоа.

Време за плачење

12 Ер 6,26; Амос 8,10 Господ Бог Саваот ве викаше на тој ден да плачете и да тагувате, да се ис­трижете и да се облечете во вреќиште.

135,11; 56,12; Проп 2,24; 3,12; 11,8; Мудр 2,7-9; 1 Кор 15,32Но, ете, веселба и радост! Убиваат волови и колат овни; јадат месо, пијат вино и велат: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!“

141 Цар 3,14; Пс 84,2И ми откри во ушите Господ Са­ваот: „Нема да ви биде простен тој грев додека не умрете,“ рече Господ Бог Са­ваот.

Казна за себичните владетели

15 36,3.11.22; 4 Цар 18,18.26.37; 19,2 Вака рече Господ Бог Саваот: „Тр­г­ни, оди кај оној дворјанин, при Севна, началникот на дворецот, и кажи му:

16какво право имаш и кого имаш ту­ка, па си правиш тука гробница? Тој си прави за себе гробница на височината, си прави живеалиште во карпата.

17Ете, Господ ќе те фрли далеку, ка­ко што фрла силен човек и ќе те свитка како клопче,

18Ер 17,25; 28,16; Амос 7,17откако ќе те свитка како топка и ќе те фрли во широка земја; таму ќе ум­реш ти, таму твоите прекрасни коли ќе бидат за подбивање во домот на твојот господар.“

19„Ќе те турнат од твоето место и ќе те симнат од твоето достоинство.

2036,3.11.22; 4 Цар 18,18.26.37И во тој ден ќе го повикам мојот слуга Елијаким, Хелкиевиот син,

214 Мојс 20,26ќе го облечам со твојата облека и со твојот појас ќе го препашам, та и власта твоја ќе ја предадам во рацете не­го­ви; и тој ќе биде татко на жителите еру­салимски и за домот Јудин.

22Јов 12,14; Мт 16,19; Откр 3,7И клучот на Давидовиот дом ќе го ставам на рамењата негови; тој ќе от­во­ри, и никој нема да затвори; тој ќе зат­вори и никој нема да отвори.

231 Езд 9,8; Сир 14,24И ќе го зацврстувам како клин на цвр­сто место, тој ќе биде како славно седиште за домот на својот татко.

24Ез 15,3И на него ќе виси целата слава на татковиот му дом, на децата и внуците, на целата покуќнина од чаша до ќупови.“

25Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се заниша зацврстениот на цврсто место клин, ќе биде изваден и ќе падне, ќе се испокрши сѐ што виси на него, зашто Господ го вели тоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help