Езекил 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување за разорување на градот Тир

1 Ис 23,1-18; Јоил 3,4-8; Амос 1,9-10; Зах 9,1-4 Во единаесеттата година, во првиот ден од првиот месец, дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, поради тоа што Тир ликуваше над Ерусалим: ‚о, о‘, се скрши вратата на народите, и тие се свртеа кон Мене; ќе се збогатам – тој е опустошен.

3Така вели Господ Бог, еве, Јас сум против тебе, граде Тире, и ќе кренам против тебе многу народи како морето што ги крева брановите свои.

4Ис 2,15И ќе ги разбијат ѕидовите на Тир и ќе ги разрушат кулите негови; и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен.

5Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог, и ќе биде разграбен од на­родите.

6А ќерките негови, што се во земјата, ќе бидат со меч убиени и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

7Зашто така вели Господ Бог: „Еве, против Тир ќе го доведам од север На­вуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со коли, со ко­њаница и со војска и со многуброен на­род.

8Тој со меч ќе ги убие ќерките твои во земјата, ќе подигне против тебе оп­садни кули, ќе направи опкоп против тебе и ќе постави штитови против тебе.

9Ќе донесе машини за разбивање ѕи­дови до самите ѕидови и ќе ги разруши кулите твои со секири.

10Од многуте негови коњи прав ќе те покрие, од шумот на јавачите, на тр­ка­лата и на колите ќе се затресат ѕи­до­ви­те твои, кога ќе влезе во портите твои, како што се влегува во разбиен град.

11Со копитата на коњите свои ќе ги изгази твоите улици, народот твој со меч ќе го убие и спомениците на твојата сила на земјата ќе ги соборува.

12И ќе го разграбат твоето богатство, ќе ја пленат твојата стока, ќе ги раз­ру­шат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во во­да.

13Ис 24,8-9; Откр 18,22И ќе престане гласот од твоите пес­ни и звукот од твоите харфи нема по­ве­ќе да се слуша;

14и ќе те направам гол камен, ќе ста­неш место за простирање мрежи; нема да бидеш одново изграден, зашто Јас, Господ, го реков тоа“, вели Господ Бог.

15Откр 6,14Така вели Господ Бог кон Тир: „Од потресот на твоето паѓање, од офкањето на ранетите, кога ќе се извршува над тебе убивањето, нема ли да затреперат островите?

16Откр 18,9-10И ќе слезат од престолите свои сите кнезови на морето, ќе ги соблечат од се­бе своите наметки, ќе ги симнат од себе своите везени облеки, ќе се облечат во трепет, ќе седнат на земја и секоја ми­ну­та ќе треперат и ќе се чудат заради те­бе.

17И ќе почнат да плачат за тебе и ќе ти речат: ‚Како пропадна, славни граде, во кој живеат поморци, народ силен по морето, ти и жителите твои кои влеваа страв на сите оние, што живееја покрај тебе!‘

18Сега, во денот на твоето паѓање, за­треперија островите, островите морски се исплашија од твојата погибел.

192 Мојс 15,19Зашто така вели Господ Бог: кога ќе те направам запустен град, како не­населените градови, кога ќе ја подигнам против тебе бездната и ќе те покријат големи води,

20тогаш ќе те соборам со оние, што слегуваат во гроб, кај оние што порано постоеле, и ќе те ставам во долната зем­ја, во вечната пустина, со спуштените во гроб, за да не бидеш веќе населен; и ќе ја објавам славата во земјата на жи­вите.

21Откр 18,21За ужас ќе те направам, и нема да те има; ќе те бараат, но повеќе нема да те најдат никогаш“, вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help