1 5 Мојс 13,1-5; Мт 24,24; Мк 13,21-23; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1 А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.
2Дела 9,2; Рим 2,24И мнозина ќе појдат по нивните нечистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.
3Ис 52,5; Јуда 1,4И, побудувајќи ве од користољубивост, ќе ве привлекуваат со ласкави зборови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.
4Мт 8,29; Јуда 1,6Зашто Бог, кога не ги поштеди ангелите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;
5Мудр 10,4; 1 Птр 3,20и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата;
61 Мојс 19; Мудр 10,6-8; Сир 16,7-10; Мт 10,15; Јуда 1,7и градовите Содом и Гомора ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, оставајќи ги како пример на идните безбожници,
7Лк 17,29а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.
8Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа;
91 Кор 10,13; 2 Сол 1,5-10; Јуда 1,6значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;
10Јуда 1,7-8а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11Јуда 1,9но дури ни ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.
12Пс 48,12-14; Јуда 1,10А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,
13Јуда 1,12добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;
14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!
154 Мојс 22,7; Јуда 1,11; Откр 2,14-15Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда,
164 Мојс 22,28но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17Јуда 1,12-13Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е резервиран мракот на темнината засекогаш.
18Јуда 1,16Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и нечистотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.
19Јн 8,34; Рим 6,16-17Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
20Мт 12,45Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!
211 Кор 11,2; Јуда 1,3За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.
22Изреки 26,11; Лк 12,47-48Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.